|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Никој никогаш не ми кажа како е да имаш ќерка...

Bret Spears, 10.9.2014
Ако некогаш сте се запрашале што се случува во срцата и умовите на татковците, кога ќе добијат ќерка, сметајте дека оваа статија е еден вид отсликување на нивната душа...
Клучни зборови:

image
/11


 

Луѓето имаат навика да се претворат во јасновидци, кога ќе дознаат дека очекувате бебе во семејството. Во мојот случај се прогнозираше како ќе ми биде кога ќе станам татко и како ќе се чувствувам.

  1. Никој никогаш не ми кажа колку таа за брзо ќе обрнува внимание на момчињата. Како многумина од нас, кои научиле многу од социјалната антропологија, бев убеден дека момчињата се романтички агресори, а девојчињата великодушно толерантни на нивната определба. Но сето ова се промени кога еден вечер ќерка ми Мери Грејс ме удри со рамото и рече “Тато го гледаш ова момче? Ми се допаѓа”. И додека го пиевме џусот во теретаната, ќерка ми постојано се вртеше накај момчето и го гледаше. Во еден момент момчето дојде до нашата маса. Се однесуваше кон неа љубезно и со многу почит. Работеше во теретаната и имаше 19 години. А таа имаше 3. Сериозно.

  2. Никој никогаш не ми кажа  колку ќе се заљубам во мојата сопруга. Да се има мини верзија на жена ми дома, може само да го потенцира и актуелизира фактот колку таа ми значи. Подготовките и стравовите околу станувањето татко, наеднаш се отсликаа  во лицето на мојата ќерка, овозможувајќи ми да го гледам светот од друга перспектива, да имам сочувство за нештата кои ми биле непознати. Ќе ви дадам еден пример: не можев да го разберам разочарувањето на жена ми кога некој план ќе и пропаднеше. Таа може да се изнаплаче ако има свадба во соседството, или ако и го продадат омилениот сендвич пред нос. Како мало дете. Тоа е мојата сопруга. Емотивна  до небото и назад. Мечтаам секогаш да ја сакам како сега. Таа го заслужува тоа.

  3. Никој никогаш не ми кажа дека сите претходни напори да ја разберам женската анатомија, ќе добијат комплетна револуција, со менување на само еден памперс.  Да го отвориш памперсот на бебето и да откриеш женски полов орган прекриен со каки е запрепастувачки. Јас буквално застанав над мојата ќерка и со ласерски поглед испитував како да ја избришам а да не ја повредам.

  4. Никој никогаш не ми кажа дека тоа што имам ќерка автоматски ќе ме претвори во феминист.

  5. Никој никогаш не ми кажа што ме чека на другата страна на сета таа нежност. Многу е вообичаено татковците да слушаат: “Мислиш дека знаеш што е љубов, но подготви се. Никогаш нема да почувствуваш нешто слично”. И сосема беа во право. Многу татковци пишуваат за своите ќерки кои ги вртат околу малото прсте. Комплексни работи се случуваат во тврдото татково срце, кога ќе го гушне неговото мало девојче, тоа станува помеко од памук. И тогаш вистински чувствуваш како е да се биде татко.

  6. Никој никогаш не ми кажал дека "Butterfly Kisses" е најубавата песна некогаш напишана. Не е важно колку мекушав и да изгледате, но кога еднаш ќе имате ќерка наеднаш над вас ќе се насели мистериозна и емотивна моќ, која е неодолива. Минатото лето на свадбата на мојот пријател, јас и некои пријатели ја преслушавме половина песна смеејќи се и исмејувајќи ја песната...А кога ја поминав другата половина од песната танцувајќи со ќерка ми, се стопив од нежност и плачев...

  7. Никој никогаш не ми кажа колку е важна розовата боја. Минатиот Божиќ Дедо Мраз ја праша ќерка ми во каква боја сака кукла, таа непоколебливо рече: “Розова”. Сум ја слушнал многупати да плаче и да не сака да јаде, ако розовата чинија е за миење. И собата во која заспива е розова и ќебенцето и плишаното мече и играчките се розови и...и мојот живот со неа е розов!

  8. Никој никогаш не ми кажа...добро, можеби мојата сопруга ми го кажа ова, но јас никогаш не и верував. Многу девојчиња почнуваат да размислуваат за сопствената свадба уште како мали. Лично јас, ја обвинувам Disney Frosen за тоа. Секое бело парче ткаенина во домот мора да се искористи за ќерка ми да се направи невеста. И тоа го глуми до најситен детал.На почетокот беше слатко, бидејќи сакаше јас ко' бајаги да бидам младоженецот, но неодамна нејзиниот соученик го презеде моето место. Таа вели дека тој е смешен и убав...А што ми фалеше мене? :D

  9. Никој никогаш не ми кажа колку нерационално ќе бидам смачкан кога моето девојче ќе се “омажи” ко' бајаги, за момчето кое учи со неа.

  10. Никој никогаш не ми кажа колку ќе обожувам маникир, роденденски забави во игротека, импровизирани валцери, кутии за шминка и светкав сјај за усни.

 

Преземено

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4
Интервју: Анита Даева
Анета Даева е новинар во утринската програма на телевизија Сител. Преку интервјуто ни ја доловува атмосферата и односите...
4
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?