Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Донатор на сперма, кој е “татко” на 14 деца, признава дека е 36 годишна девица.
Трент Арсеналт излезе во јавност откако неговата бесплатна банка за сперма се најде под истрага од страна на прехрамбената и фармацевската инспекција во Америка, кои му се закануваа со казна од 100,000 долари и затворска казна до една година.
По објавувањето во шоуто на Андерсон Купер, Трент за себе изјави дека е експерт во Силиконската Долина, луд по компјутери и технологија и призна за неговата неверојатна ситуација кога е во прашање сексот, односно кажа дека никогаш немал секс, но е татко на дури 14 здрави деца.
Говорејќи на едно ТВ шоу , г-дин Арсеналт рече: " 100 проценти од мојата сексуална енергија е за производство на сперма за двојки кои сакаат да имаат деца. Значи јас немам друга активност надвор од тоа. "
На прашањето “Дали тоа значи дека никогаш сте немале секс?”, Арсеналт одговорил: "Јас веројатно ќе бидам 40-годишна девица, а ќе имам повеќе од 15 деца"
Невиниот татко за прв пат се сретна со едно од неговите потомци, Аналиса, која тукушто наполни 2 години. Г-дин Арсеналт емотивно изјави дека средбата предизвикала голема возбуда кај него. Ова дете е ќерка на хомосексуална двојка, кои беа пресреќни по одлуката на донаторот да им помогне. “Се обидувам да не бидам премногу емотивен” изјави тој. “Само сум пресреќен што таа е среќна во семејство со многу љубов. Се надевам дека во себе го носи генот на сочувство и дека нејзините родители ќе го негуваат тоа и понатаму”.
Преку веб страна, тој ја рекламира својата сперма како органска, но еден експерт за здравје предупредува дека неговиот нетипичен начин на татковство, ги отвара вратите за ширење на вирални инфекции како што е ХИВ. Тоа ги поттикна FDA да изјават дека г-дин Арсеналт не презема мерки на претпазливоста за да се спречи ширењето на болести и незаконски произведува човечки клетки.
Г-дин Арсеналт вели дека тој едноставно им помага на двојките кои немаат деца, во ситуација кога единствена алтернатива би била да имаат секс со непознат: “Јас им помагам на оние на кои им е потребна помош, не се обидувам да развијам бизнис од тоа.”
забава Бремените
Автор: bobik
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергич...
Од првата кашичка до денешниот апетит
Нашиот однос кон храната не се формира случајно. Tој е длабоко поврзан...
Да станеш мајка е едно од најдлабоките и најмоќните искуства што може ...
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Важноста на гинеколошките прегледи
Во современото општество, грижата за здравјето станува сe поактуелна, ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: