Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Започнете со нешто ситно
Според психолозите целокупниот концепт за споделување со блиските не може да биде целосно восприеман од детето пред 5-годишна возраст. Сепак, уште пред таа возраст детето треба да прифати некои правила на комуникација како на пример да го чека својот ред кога игра со повеќе учесници во некоја игра. Освен тоа, детето треба да биде свесно дека штом носи со себе некаква играчка во градинката или на игралиштето, треба да ја споделува со другите деца, односно да им дозволи на другарчињата и тие да си играат со неа.
Направете распределба на времето
Психолозите препорачуваат една игра, ако детето одбива да ги споделува своите играчки. Прво нашето дете да игра со играчката десет минути, а потоа е на ред неговото другарче кое исто така ќе игра десет минути. Можеме и да направиме аларм кој ќе ни покажува точно време. На тој начин детето ќе се научи дека давањето на играчката не е засекогаш, туку привремено.
Оставете ги настрана специјалните играчки
Сигурно и Вие имате многу нешта кои Ви се непроценливи и од посебна важност и немате желба да ги споделувате. Истото важи и за Вашето дете, па не го терајте со сила да дава нешто што му е бескрајно важно. Во исто време објаснете му дека штом тоа е толку важно за него, да го остави настрана за да не ги иритира другите деца.
Подучувајте ги со сопствениот пример
Децата многу внимателно ја набљудуваат секоја постапка на родителите, па затоа, за да му дадете добар пример, покажете му како и Вие ги споделувате своите работи и подарувате. Дури и со најмал гест може да влијаете на развој на великодушноста кај децата: ако јадете сендвич прашајте го детето, или друг член од семејството дали сака залаче. Или кога гледате телевизија советувајте се со другите што сакаат да гледаат.
Дадете играчки во хуманитарни цели
Соберете играчки кои Вашето дете не ги користи и донирајте ги. Објаснете му детално за што станува збор и заедно одете со детето да ги подарите играчките, за да му дадете добар пример.
Размена на улогите
Ако Вашето дете многу често вели “Не” кога ќе го замолите да сподели некој свој предмет, размислете за размена на улогите. Седнете на подот и заедно со детето играјте. Приближете кон себе неколку играчки и кога детето ќе ги побара кажете “Не”. Потоа прашајте го детето како се чувствува и објаснете му дека исто така се чувствуваат и неговите пријатели со кои не ги споделува играчките.
Наградете го позитивното однесување
Поминуваме толку многу време во тоа да го поучуваме детето, да правиме забелешки и да се караме со него, што не ги забележуваме позитивните нешта коишто ги прави. Затоа не треба да забораваме секогаш да го наградуваме, кога ќе направи нешто убаво. Покажете му на детето колку сте задоволни и горди кога ќе видите колку добро постапува.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го пронајдете својот животен повик?
Во одреден момент од животот сите нас нe допира пронаоѓањето на сопств...
Реакција на бебето при воведување дохрана
Воведувањето дохрана е една од фазите во првата година од родителствот...
Што кога детето сака Facebook профил?
Социјалните мрежи одамна не се „место за возрасни“. Денес, децата уште...
Како кафето влијае на бременоста?
Кафето е омилен пијалак на милиони, но кога ќе дознаете дека сте бреме...
Да бидете сакани такви какви што сте
Има нешто што сите длабоко го посакуваме, а тоа е да бидеме сакани точ...