vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Накитот, како најзастапен вид на украсување, “китење” на човечкото тело низ сите историски периоди предизвикувал најголема креативност кај занаетчиите кои истовремено биле и дизајнери и изведувачи.
Имајќи предвид дека балканските земји најдолго биле под Османлиска власт, влијанијата од ориенталното уметничко творештво и во оваа област биле и најприсутни, а најмногу зачувани примероци има од крајот на 18 и во 19 век.
Украсувањето како мотивирачка дејност исто така претставува и дел од традиционалното суеверие на народот за заштита од невидливите/негативните природни сили, или како што се вели од “лоши, урокливи очи/постапки”. На пример, младите жени и особено невестите во украсувањето на облеката користеле природни растенија (босилок, бршлен, трендафил и др.), дополнети со додатоци од животинско потекло (пердуви, најчесто од паун, заби од разни животни, шепи, школки), кои имале улога на амајлии, односно на “заштита” од болести и други непријатности.
Во користењето на металот и други видови на материјали (монистра, стакло) за изработка на исклучиво украсни предмети, без симболично значење, има разлика во однос на тоа дали тој се изработувал за потребите на селските или градските нарачатели. Така на пример карактеристика е дека накиот изработен од монистра најмногу бил користен во селските средини (заради тоа што монистрата била поевтина од металите). Монистрата, покрај за накит била користена и за украсување на одредени предмети :кутии, бастуми, перници, чевли и др.
Евидентни се разликите во накитот и украсувањето по области. Така на пример, населението во западниот дел на Македонија се украсува со повеќе накит кој е и помасивен, пораскошен и попрефинет во изработката од оној во источномакедонските средини. Ова најверојатно се должи на многу поинтензивната печалбарска дејност на населението од западниот дел на Македонија, нивните подобри економски можности да донесат/да купат предмети од источноевропските или западните средини каде што престојувале или работеле.
Меѓу карактеристичните делови на накиот кој бил дел од свечените носии е оној метален накит кој се носел на глава на жените и кој, покрај украсната функција на “капа”/ марама, симболизирал и заштитна функција. Особено предначел накитот во тркалезна форма, понакогаш со богат синџир од сребрени пари или “трепки” (украси направени од најразлични форми).
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...