|      

Највредно е тоа што не се купува со пари

Автор: Редакција Рингераја | 7.3.2012
image

Секој човек на овој свет може на децата да им го овозможи она што најмногу им треба, а за тоа да не му бидат потребни пари. Да видиме што е тоа?

 

 

Постојат некои работи кои секој родител треба да им ги дава на децата секојдневно. Не се тешки, не чинат ништо, но ние возрасните мораме да се потрудиме да најдеме време за нив. Не даваат моментални резултати, но ги прават нашите деца подобри, посигурни и посреќни луѓе, луѓе кои ќе знаат да изградат подобра иднина за своите потомци.

Без оглед на тоа дали сте родител или не, сигурно постои некое дете во Вашиот живот. И без оглед на тоа колку пари имате на сметката во банка, без оглед на тоа колку сте образовани и колку време имате на располагање, сигурно постои нешто што на децата им треба, а единствено Вие можете да им го дадете. Впрочем, секој човек на овој свет може на децата да им го овозможи она што најмногу им треба, а за тоа да не му бидат потребни пари. Еве што е тоа:

  • Љубов – Најважно од се, на децата им треба Вашата љубов. Кога децата се чувствуваат сакани, чувствуваат  дека повеќе вредат, развиваат самопочит, самодоверба и способност да им даваат љубов на другите.
  • Време – Децата треба да видат дека им давате внимание и се интересирате за нив. Нив не им треба било какво време со родителите. Им треба квалитетно, исполнето време со своите најдраги. Времето е највредниот ресурс кој го имате, затоа давајте им на децата парче од своето време секојдневно.
  • Поттик – Понекогаш еден едноставен збор на благодарност може да го промени целиот живот. Погрижете се децата да знаат дека се гордеете со нив. Кога имате прилика кажете го и покажете го тоа. Никогаш не ни оставајте без зборови кои охрабруваат.
  • Стабилност – Стабилниот дом е темел на кој децата го градат остатокот од својот живот. Тие мора да го знаат своето место во семејството, кому можат да веруваат и кој ќе ги поддржи.
  • Шанса – На децата им требаат шанси во животот, за да доживеат нови искуства и да се спознаат себе и светот околу себе. Тоа се однесува на образование, активности, храна и пријатели. Тоа се основни работи за кои секој родител треба да обезбеди и одвои пари.
  • Дисциплина – Децата мораат да научат за правилата на однесување за да можат да живеат со други луѓе и да остваруваат резултати и на тој начин да ги остварат своите желби и соништа. Дисциплината не треба да се избегнува. Таа треба да биде доследна и позитивна.
  • Добра насмевка – Во просек, децата се смеат околу 200 пати на ден, додека возрасните се смеат од 15 – 18 пати на ден. Смеата е добра за ментално и физичко здравје на децата. Поттикнувајте ја смеата и радоста. Раскажувајте вицеви, смешни приказни и случки. Покажете им на децата дека воопшто не е лошо човек да се смее и на сопствена сметка.
  • Вашата прегратка – е најдобро место на целиот свет за читање и добар разговор. Тоа е нешто што секогаш Ви е при рака, не чини ништо и не бара никаков напор. Вашата прегратка секогаш нека биде резервирана за детето.
  • Простор да направат грешка – Децата се деца. Ним очајнички им треба Вашето трпение. Тоа понекогаш не е лесно, но е исклучително потребно, па дури и неопходно. Дајте им на децата простор за експерименти, истражувања и грешки. На грешките се учи. Ако ги направат во сигурноста на домот ќе знаат како да ги избегнат кога ќе бидат самостојни.
  • Бакнежи и прегратки – Што да се каже освен: што повеќе, тоа подобро!

 

 


Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



  • Снек бар од јатки

    Сиров,лесно калоричен десерт кој заситува доста.Идеален е за ужина на работа или училиште а може да го понесете и на пат. Децата пак,нема да можат да му одолеат

    Повеќе

Анкета

*Машко име*
Хепи мами

Ве молам да гласате за најубаво машко име според вас. Благодарам!

На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк