Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Децата едноставно обожаваат спортови и физичка активност и во тој свет треба да ги веведувате уште од најраното детство, но треба да знаете да го изберете вистинскиот. Некои врсти на спортови не им лежат на децата и на нивниот карактер. Ако не знаете како да процените дали вашето дете е за тимски спорт, атлетика или нешто трето, ние ќе ви помогнеме.
Тимски спортови
Она што мораме да го нагласиме, кога се во прашање тимските спортови е тоа дека се тие одлични за малите деца бидејќи кај нив ги развиваат вештините за соработка, почитување и дисциплина. Ако сакате вашето дете да се занимава со тимски спорт, обидете се да најдете програми прилагодени на предшколска возраст, а кои не вклучуваат натпревари.
Тимските спортови се одлични за предшколска возраст, бидејќи покрај тоа што ги развиваат моторичките способности и координацијата на движењата, тие го поттикнуваат и психичкиот развој на децата, дисциплината, заедничката работа и меѓусебното почитување, што на децата ќе им биде од големо значење во животот.
Индивидуални спортови
Баш како и тимските и индивидуалните спортови се како создадени за децата од предшколска возраст. Гимнастиката е секогаш популарна бидејќи децата работат во групи и ги подобруваат индивидуалните вештини. Гимнастиката е одлична за флексибилност, јакнење на мускулите и одржување на рамнотежа.
Мајките кои своите деца ги вклучиле во часови по гимнастика од најраното детство, имаат само пофални зборови. Гимнастиката ќе ги поттикне вашите деца да ги испитуваат границите на сопствената издржливост и да не се плашат да испробуваат нови работи од најрана возраст.
Боречките вештини се исто така одлични за деца од предшколска возраст, бидејќи ќе научат како да го контролираат сопствениот бес и ќе научат дека нивните екстремитети се исто така оружје кое може некого да повреди. Боречките вештини ќе ги научат на самоконтрола, дисциплина, а ќе им донесат и одредена доза на самодоверба, колку што тоа е можно на нивна возраст.
Пред да ги запишете децата на некој спорт, распрашајте се дали постои можност да појдете неколку пати, за детето да се запознае со спортот и со работата на тренерот, пред да го запишете. Ако на детето не му лежи баш најдобро тоа што сте го избрале, побарајте нешто друго што ќе му оди подобро.
Доколку вашето дете не е вонсериски талентирано и доколку нема желба да се занимава посериозно со некој спорт, оставете го да тренира се додека му е забавно.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...
Двојна метода за следење на овулација
Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните ден...
Што да избегнувате при избивање заби кај бебе?
Избивањето на забите е нормална, но често непријатна фаза кај бебињата...
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...