Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Сите родители доаѓаат во период кога на детето креветот му станува премал, а играчките се посложени. Време е на детето да му ја средите детската соба. Се поставуваат многу прашања, а посебно финансиски. Затоа се гледа, се планира и избира меѓу повеќето можности кои денес ги нудат произведувачите на мебел. Притоа мора да се има на ум дека детето е сеуште мало, но секој ден расте, па со него растат и интересите и потребите. Детската соба треба да расте заедно со детето и да ги задоволува потребите во одредени периоди од неговиот живот, значи прво играње, потоа почеток на училиште и подоцна повисоките одделенија.
Може да се избере мебел кој ќе се дополнува, бидејќи детето ќе го надрасне (на пр. во повисоките одделенија). Постои можност да се најде и комбинација која ќе одговара до пубертетот, (а тогаш веќе сигурно ќе дојде и до преуредување на собата), а може да се избере и неутрална соба која истовремено ќе ги задоволува потребите во раното детство и подоцна во средно училиште се до нивното осамостојување.
Мебелот и опремата треба да го поттикнуваат детето на игра, а подоцна на учење. Најважна, е секако безбедноста, што значи дека опремата мора да биде стабилна, практична за употреба и не смее да биде штетна за здравјето на детето.
Мебелот, најчесто е создаден од иверица и фурнир, кои се познати по тоа што содржат разновидни лепила и други отровни состојки (формалдехиди) кои подолго време испаруваат во воздухот. Затоа стручните лица препорачуваат да се распрашаме за начинот на изработка кај продавачите или производителите. Притоа треба да знаете дека квалитетниот и здрав мебел е многу поскап.
По тоа прашање најдобар е мебелот од масивно дрво, кај кој при неговата изработка не се употребуваат штетни лакови. И таков мебел може да биде интересен за децата, а пред се многу прилагодлив. Опремата во собата треба да биде распоредена така што детето ќе има поголем простор за играње (на пр. ормани кои можат да се преместуваат), а мораме да се погрижиме и за пријатно спиење на детето.
Ако во собата престојуваат повеќе деца, креветите на спрат во различни варијанти се одлично решение. Не смееме да заборавиме ниту на орманите за гардероба кои мораат да бидат доволно големи и за подоцна. Помалите орманчиња може на почетокот да се употребуваат и за играчки.
Децата многу време поминуваат на под (играјќи) и затоа е најдобро да имате тепих кој не е прицврстен, за полесно чистење. Не заборавајте на креветот и на јоги душекот, кој е многу важен, бидејќи на него се спие подолго време. Креветот не смее да биде премногу низок, а душекот не смее да биде премногу мек, ниту премногу тврд. Убаво е да биде изработен од природен материјал, за да не се задржува влага во него. Ќебињата, прекривачите, постелнината, тепихот и останатите работи треба да бидат изработени од природни материјали како лен, памук, волна и слично за да може да се перат во машина за облека.
И на крај, не смее да се заборави на светлината во собата. Препорачливо е подолго време да преовладува дневна светлина, која рамномерно го осветлува комплетниот простор. За долгите зимски вечери и врнежливи денови, најдобро е светло поставено на плафон, кое рамномерно ги осветлува ѕидовите и подот. Различните рефлектори кои моментално се во тренд, се употребуваат само како дополнително осветлување и во тој случај не смеат да бидат во различна боја (по желба на детето) Ламбата на работната маса мора да има умерена светлина поради сенките. И уште еден совет: не заборавајте да ги заштитите штекерите и каблите.
Чувството на среќа и задоволство кај детето е најважно, затоа активно вклучете го во се, бидејќи така ќе може да ги искаже своите желби (кои не мора секогаш да се исполнат), а на тој начин и полесно ќе се “всели” во својата соба.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
7 совети за подобро да спиете додека сте бремени
Спиењето не е лесно кога имате трудничко стомаче. Еве 7 совети што мож...
Колку сон им треба на бебињата? Табела за родители
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој...
Нормално, разбираме „рамни стапала“ како намалување на висината на над...
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Расположението во бременоста.
Admin
Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?