Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Сега ќе направиме убава и едноставна кукла од крпи.
Потребни материјали:
- 2 парчиња ластик од 30 cm. за рацете и телото и едно парче од 12 cm. за главата.
- конец за шиење
- игла
- 2 парчиња еластична ткаенина од 15х70 cm.
- 4 парчиња од 30 cm коноп
- црно мастилно пенкало
- кармин
- вуница за да се направи косата
- тенка лента за декорација
Чекор по чекор
Исечете 2 парчиња ластик од 30cm. должина за да се направат рацете и телото и парче од 12 cm за главата. Исечете две парчиња од еластичниот материјал двојно 15х70 cm, сошијте ги по страната и краевите, наполнете ги со памук или молтотекс и затворете го местото од каде ги полневте. Врзете го ластик кај нозете и рацете како на сликата. Исечете 4 парчиња од 30 cm коноп за да ги врзете на двете нозе.

На другиот крај врзете ластик и коноп со што ќе ги оформите рацете. На 10 cm од рацете спојте ги двата дела, со што ќе ја формирате половината на куклата.

Од истиот материјал направете глава за куклата, наполнете ја со памук или молтотекс и сошијте ја. Нацртајте очи на куклата и со кармин нацртајте уста. Зацрвенете ги образите на куклата со карминот.


Отворете ги рацете на куклата и сошијте ја главата на телото на куклата.

Направете фустанче за куклата со тоа што ќе земете парче ткаенина со должина колку половина од телото на куклата и ќе го опшиете со конец по работ, а потоа ќе го ставите преку вратот на куклата и ќе го соберете. Доколку имате, ставете и една украсна лента околу вратот на куклата.
Косата на куклата се изработува од вуница, на ист начин како што се изработуваат таписериите.
Едно болно девојче ја држи во прегратка куклата која штотуку ја направивте.
Извор: lasmanualidades
| Мисијата на "Прегратка на дар" |
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?