vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Веќе видовме дека од чорапи може да се направат многу интересни играчки. Ајде да направиме коњче со узда и грива кој ќе биде симпатична и интересна играчка во која ќе уживаат малите деца. Со својата бујна фантазија најверојатно ќе доживеат прекрасни авантури, ќе трчаат, ќе јаваат, а навечер пред спиење ќе можат и да го гушнат. Прочитајте како чекор по чекор да направите коњ од еден чорап.
Потребни материјали:
- сив чорап
- парчиња тексас
- лента
- стапче
- памук или молтотекс
- манила конец
- вуница
- ножици
- игла и конец
Почнете со сечење на стапче со големина од 20-30 cm. Обложете го со најлон, а над него ставете парче тексас.
Полнете го чорапот со памук или молтотекс и убаво обликувајте ја главата. Откако ќе бидете задоволни од резултатот вметнете го стапот во чорапот и заврзете го со манила конец.

Направете уши од тексас. Исечете 4 помали парчиња за внатрешноста на ушите, од внатрешната страна на тексасот и сошијте ги.
Ставете ги ушите на место, а за очи залепете 2 копчиња. Ставете ја лентата во форма на узда (како на сликата).

Намотајте парче вуница околу некое списание и потоа исечете еднакви парчиња. Сошијте ги на главата на коњот како што е прикажано на сликата.

Веќе е готов коњот од чорап. Се надеваме дека децата ќе уживаат многу во играта со него.
Извор: lasmanualidades
| Мисијата на "Прегратка на дар" |
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...
Како да ја подобрите циркулацијата на крвта?
Студени раце и стапала, чувство на тежина во нозете или замор по долго...