|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Кога растат првите забчиња - како да ги препознаете симптомите кај бебињата?

Редакција Рингераја, 7.8.2025
Не секое мрморење значи болка. Научете ги вистинските знаци на растење заби и кога треба да реагирате.

image
Први запчиња
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Растењето на првите забчиња е еден од првите поголеми развојни чекори кај бебињата. Иако е природен процес, може да биде вистински предизвик и за бебето и за родителите. Но, дали секое плачење, грицкање или триење на образите значи дека „доаѓа забче“?

Еве како да ги препознаете вистинските симптоми и да избегнете непотребна грижа.

 

Најчести симптоми

Зголемено лигавење
Многу родители прво забележуваат дека бебето почнува обилно да се лигави. Тоа е еден од првите знаци дека нешто се подготвува во непцата.

Желба за грицкање
Бебето постојано си ги става рацете во уста или сака да грицка цврсти предмети. Ова е начин на кој се обидува да го ублажи притисокот во непцата.

Раздразливост и немир
Забите "работат" под површината на непцето со недели пред да излезат. Тоа создава непријатност и раздразнетост, особено навечер.

Нарушен сон
Дури и бебиња кои спиеле цела ноќ може одеднаш да се будат често бидејќи болката и непријатноста често се поинтензивни во лежечка положба.

Црвени или отечени непца
Може да се забележи благо оток или црвенило во пределот каде што се подготвува да излезе забчето.

Триење на образите или повлекување за уши
Болката од непцата може да се рефлектира и во ушите или образите, па бебињата инстинктивно ги допираат тие зони.

 

Што не е симптом и бара лекарска консултација?

Симптоми како: висока температура над 38°C, воденеста дијареа, интензивно повраќање, омалаксаност или отежнато будење, не се поврзани со растење заби и може да укажуваат на вирусна или бактериска инфекција.

 

Како да му помогнете на вашето бебе?

-          Дајте му чист силиконски гел-грицкалка што е оладена во фрижидер

-          Направете нежна масажа на непцата со чист прст

-          Понекогаш, педијатар може да препорача гел за локално олеснување (без шеќер и алкохол)

-          Ако има температура или силна раздразнетост, парацетамол или ибупрофен во доза соодветна на возраста и само со лекарска препорака

 


Растењето на забчињата е краткотрајна, но чувствителна фаза. Потребно е трпение, разбирање и правилно препознавање на симптомите. Не се потпирајте на митови, информирајте се од доверливи извори и консултирајте се со педијатар кога нешто не ви изгледа вообичаено.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Напредување на исклучиво доено бебе
Ако сте загрижени дали вашето бебе добива доволно млеко со доење, најпрво прочитајте го овој текст. Добивањето на тежина...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Хормонски промени кои настануваат при доење
Доењето не е само активност преку која се овозможува исхрана за бебето. Тоа предизвикува и големи хормонални промени за ...
3
Митови за доењето
Доењето е природен и непроценлив процес кој го поврзува мајката со бебето и обезбедува најдобар можен почеток на животот...
3




Анкета

анкета за избор на машко име
barbarela

барбарела

Горјан (82%)

Гоце (18%)


Број на сите гласови: 136

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!