|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога душата боли - психолог или психијатар?

www.doktori.mk, 8.1.2014
Приказна за една предрасуда дека е подобро да се оди кај психолог зашто тој е за „здрави“, а не кај психијатар кој е за „луди“... А можеби и уште поголемата предрасуда, дека тие воопшто не ни требаат...

image
/11


 

Советувањето и терапијата од двете стручни лица имаат цел да направат личноста да се чувствува подобро и да има поквалитетен живот! Денес се оди во правец на избегнување на етикети и дијагнози, а диференцијалните дијагнози се потребни заради попрецизно одредување на медикаментните терапии.

Денес кога зборуваме за психијатар или психолог асоцијација треба да бидат раст и развој

 

И сега во што е разликата во психотерапијата и советувањето кај психолог и психијатар?
Има или нема разлика ? Накратко и едноставно, иако е познато, психологот доаѓа од Филозофски или засебен факултет, а психијатарот е лекар кој специјализирал психијатрија. Но, советувањето и психотерапијата се учат на ист начин и од исти учители, исти книги, сé е исто, примената и праксата се потполно исти и кај психијатарот и кај психологот. Психијатарот покрај психотерапијата има право да дава плус медикаментна терапија како лекар специјалист, а психологот користи мерни инструменти како тестови, техники, скали... Нема мешање во тој дел, кој е строго поделен.

 

Кој е за здрави?

Ниту психијатарот, ниту психологот се за „луди или здрави“!

Кој тоа одредува „кој е луд, кој е нормален“?

Х.Хесе прашуваше, а и многу други пред и после него...

Кој тоа треба да одредува?



Мнозинството останува како опција сеуште, во смисол на правење разлика за нормално, здраво и болно во дијагностиката. Поставувањето на границата сеуште е многу спорна работа и покрај незапирливиот развој на науките, во смисла, каде завршува здравото, каде почнува болеста... Секоја личност е посебна, уникатна! Сите шеми, профили и групирања, „ паѓаат “ пред единственоста на секоја личност, а групирањата и класификациите сепак се потребни за да се избегне хаосот. Почит кон сите класификации, но сепак, симптомите и проблемите бараат посебен приод, единствен, уникатен приод кон нејзиното величество, личноста!

Кој каде работи?

Во зависнот кој каде работи, од тоа ќе зависи и специфичната пракса...

Еден психолог, ако работи во било кој вид психијатриска институција, ќе мора да работи и со психотични состојби... Во најтешките случаи нема ни советување, ни психотерапија, едноставно затоа што се нема никаков контакт со личноста. Денес сé повеќе се оди во правец на социоработни терапии, со стручни тимови, како би им помогнале на лицата во периодите на свесност и контакт со реалноста, да се чувствуваат корисно и прифатени од општеството. Наместо изолација, како што било порано, денес цели тимови се вклучени во такви проекти за прифаќање на тие лица од општеството и нивно оспособување за некоја активност. Хуманите општества размислуваат така, иако има многу противници кога станува збор за тешки состојби каде доминира агресијата или злоупотребата и прашањето останува отворено. Психологот кој се определил или нашол работа во училиште или отворил кабинет и слично, според сопствениот избор и едукации, ќе работи со деца, адолесценти, возрасни, родители...

И најинтересното, може цел живот во својата пракса да не види психотична состојба, на пример...


Изборот на приодот, методот, техниките... сето тоа е личен избор или избор на институцијата, специфицирано или интегративно приоѓање.... Важно, психолозите денес можат да работат секаде, но само ако се нема предрасуди!

 

Сон или реалност

Пред 30 тина години се учеше дека онаму каде има вработено околу 50 луѓе најмалку, веќе е неопходен психолог, за подобро функционирање во организациска смисла... Реалноста беше поинаква, беше или е сеуште?! Многу вода протече од тој теоретски сон, многу нешта се менуваат, но и остануваат исти, за жал, без да се помрднат сфаќањата! Во индустријата, економијата, администрацијата, културата, спортот. (Индустриска /Трудова психологија) и се разбира во Педагошки и Здравствени установи, односно во сите видови организации, институции и домени, психологот може да биде само од корист на сите нив, секаде и секогаш. При прием на нови работници, кадри, во секоја установа, приватна или јавна сфера, психологот би требало да биде присутен во одлучувањето и изборот на соодветен кадар, за доброто на организацијата, за доброто на секој поединец, да си го најде правото место, да биде оптимално продуктивен, но и оптимално среќен и задоволен.... 

 

Душата ме боли

Психичката болка е иста како и секоја друга болка, кога многу ќе заболи, мора да се побара помош, затоа што и околината често ја чувствува таа болка доколу не се помогне на време и адекватно . Заедно или одделно, двата профила стручни лица, можат многу да и помогнат на личноста да стане свесна за себе и проблемот, да го види тој проблем од поинаков агол и да направи промени за свое подобро функционирање, во семејство, на работа, со пријатели...

Крајна цел на психологијата е подобрување на квалитетот на човековото живеење, а истата цел ја спроведува и психијатарот. „Помина времето на полузатемнетата просторија, каде на каучот нешто таинствено се случуваше„, зборуваше најтоплиот психолог на светот К. Роџерс...

Денес, во трансферот помеѓу оној што има проблем и оној што дава стручна помош, постои еднаквост, со благо и емпатично водење од стручното лице кон корисните цели на оној што има проблем... Средбата многу повеќе наликува на една богата размена, за доброто на тој што му е потребна помош, заради поинаква поставеност на стручното лице, кое не се поставува надмоќно, затоа што и никако не е тоа! Денес средбите се случуваат и во природа дури, места кои му се поблиски на човекот, места кои не го плашат, спротивно, му помагаат да се чувствува релаксирано и со целосна доверба кон стручното лице.

Доволно сме „пораснати“ за да прифатиме дека советувањето и психотерапијата, доаѓале од психолог или психијатар, се насушно потребни во ова хаотично време. А кого ВИЕ ќе изберете, на кого ќе му верувате, ТОА Е ВАШ ИЗБОР.

СЕКОГАШ, НИЕ СМЕ ОВДЕ ЗА ВАС!
И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ !

 

Советувањето и психотерапијата се наменети за решавање на некој проблем кој личноста го има и не може сама да го реши, го блокира нормалното функционирање и живеење, па со помош на едно од стручните лица или тим од стручни лица, или пак во пар како кај семејната терапија, може да се дојде до решение и помош. Тие ќе бидат слушатели, водичи, тренери, „учители“... Психијатарот или психологот, тоа е некој полн со емпатија кој ја разбира и потпомога личноста да го види излезот и самата да дојде до решение за себе и поквалитетно лично живеење... Важно е што сепак расте свесноста дека советувањето и психотерапијата денес стануваат потребни и се насочени кон луѓе кои имаат проблеми, но во даден момент не можат сами да се справат со истите! А кој нема проблеми? Такво нешто не постои, сите имаме проблеми и дилеми, вклучувајќи ги и стручните лица. Важно е како се справуваме со нив!

 

Табу, стигма, злоупотреба, мода ...

Секоја земја на поинаков начин му приоѓа на ова прашање и различно се справува со истото, во многуте сегменти.... Во најголем број општества сеуште е табу тема, сеуште се крие одењето кај било кој од овие стручни лица. За да не бидат сметани за „ЛУДИ“ !? А некаде пак е „МОДА“ !?

Времињата се менуваат, и парадоксално, табуата и стигматизирањето некаде опаѓаат, некаде растат... Ниту една личност не е недопрена од стресот и траумите од секој вид... Од друга страна и самите стручни лица имаат транзициски период во многу земји, соочувајќи се со сериозен проблем, каде и неколкудневните сертификати се третираат како еднакви на долгогодишно студирање и пракса, за жал. Штетата допрва ќе биде видлива.

 

A што ќе ни е психолог?

Најчестото прашање на луѓето кои се обидуваат да сокријат од другите дека имаат проблеми... Бегајќи од другите, всушност бегаат од самите себе, додека не биде предоцна... Ниското ниво на раст и развој на личноста, оптеретено со специфичен менталитет, допринесува за вакво размислување, враќајќи нé на почетокот, „кој е за луди, кој е за здрави и кој е луд или здрав“....
А сé повеќе луѓе со проблеми, луѓе со психичка болка, која во даден момент знае да боли многу !

Посебно или поврзани, овие професии денес се многу потребни. Комбинацијата не треба да плаши, дава одлични резултати, затоа што секој проблем виден два пати од стручни лица, заедно, е многу подобро виден! Место за ривалитет нема! Заедно, можат да допринесат до оптимално помагање на личноста која побарала помош.

За ваше добро нема ништо срамно да побарате стручно мислење и помош!  Дали кога ве боли заб или грло се двоумите да отидете на лекар? Па исто е и кога ќе ве заболи душата од некое недоразбирање, страв, стрес, траума ... Зошто да ви биде срам да кажете дека сте разговарале со стручно лице за она што ве боли? Зошто е срамно да ве боли траума од развод, траума од смрт на блиски, од невработеност... ? Зошто е срамно да побарате помош за таа болка, а за грло, заб, глава одите на лекар и не помислувате на срам?! 

Заборавете на срамот - тој не ви помага! 

За поголема ефикасност во иднина, треба да се почне од некаде, од една генерација!
А од каде ако не од родителите, од возрасните, од нив треба да се почне за да се менуваат работите.. Да се започне да се учи за животот! Така и психологот и психијатарот ќе му бидат поблиску на секого...

 

Те слушам, те разбирам...

Најтоплиот психолог на светот Карл Роџерс, токму таа промена ја дал на човештвото, те слушам, те разбирам, те сакам ...

Кога душата боли имаме потреба од помош!

Но имаме и можност за раст и развој!

Ќе има промени на добро кај личноста која побарала помош, ќе има растење, доколку ние како стручни лица умееме да оствариме контакт кој не зависи само од нашите дипломи, туку и од нашата личност. Треба да се случи позитивен трансфер! Треба да имаме наш начин да ни верува, за да си помогне сам /а, со наша помош! Тоа може само ако и самите сме изградени во зрела личност.


Ние можеме да помогнеме во растот и развојот на некого, онолку колку и самите сме се развиле! Можеме да помогнеме до онаму, до која точка во растот и развојот и самите сме стасале. Вие не срамете се и не затварајте се  во вашата школка, тропнете и заѕвонете на некој кој може да ве ислуша и со најсвета стручност да ви помогне.

 

 

Весна Рохр Анчева

специјалист по училишна психологија - FSP психолог

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?