namesp во 10:10
Ќе имаме бебе! – најслатките објави на познатите
Редакција Рингераја, 20.10.2015
Chrissy Teigen
Таа и нејзиниот сопруг, пејачот John Legend објавија дека го чекаат првото дете со фотографија на Инстаграм. Коментарот на фотографијата е: Јас и Џон ќе бидеме родители и сме пресреќни. Многумина од вас знаат дека долго се обидуваме да имаме дете. Не беше лесно, но не престанавме да се трудиме. Пресреќни сме и превозбудени. Ви благодариме за прекрасните желби и целата љубов! Одвај го чекаме допирот на трудничко стомаче.
Иванка Трамп
Ќерката на Доналд Трамп објави дека е бремена по трет пат со слатко видео, заедно со своите две дечиња. На видеото дечињата држат бројчиња 1 и 2, додека таа го држи бројот 3 пред нејзиното стомаче.
Blake Lively
Ѕвездата на Gossip Girl објави дека е бремена со нејзинот сопруг, Ryan Reynolds, со фотографија на нејзиниот веб сајт пишувајќи дека слави заедно со сите жени кои чекаат бебе.
Алиша Кис
Пејачката Алиша Кис исто така го искористи Инстаграм објавувајќи фотографија со својот сопруг во чест на нивната годишнина. Таа напиша дека за да биде уште послатко, објавуваат и дека чекаат второ дете и дека тоа се најубавите години во нејзиниот живот.
Гвен Стефани
Со сина кошула и круна на главата, Гвен Стефани објави: „Подготвена бев да ја предадам круната. Но, останувам кралица во домот, опкружена со момци “
Ферги
Ферги објави дека е бремена, со фотографија од детството од неа и нејзиниот спориг Џош. Таа напиша: Још & Јас & Baby = 3.
Кели Роланд
Ѕвездата на Destiny’s Child објави фотографија на Инстраграм со пар патики – “Џорданки” и до нив мини варијанта од истите.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања што си ги поставувате е: „Колку често треба да имам...

Како да го пратите природниот циклус на жената и да го ги одредите плодните денови со помош на мерење на телесната (база...

После 34-36 часа од примањето на инекцијата со hCG, се прави аспирација или вадење на јајце клетките од фоликулите.

Селин Дион (45) која со сопругот Рене Анџелил (71) има тројца синови, во интервју за Daily mail откри како се одвивала н...
