|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Следење на овулација – телесна (базална) температура

Редакција Рингераја, 5.3.2024
Како да го пратите природниот циклус на жената и да го ги одредите плодните денови со помош на мерење на телесната (базалната) температура?
Клучни зборови:

image
/11


Заедно со промените во количината и структурата на цервикалниот секрет и мерење на телесна (базална) температура е еден од сигурните показатели на овулација. Како и кај другите методи, доколку за време на неколку циклуси, редовно и внимателно ја пратите базалната температура, ќе ви биде познат денот на зголемена температура, а со тоа и времето на овулација кое настанува 2-3 дена пред тоа.

За време на овулација, базалната температура се зголемува за 0,3 до 1°C.  Ова зголемување настанува, поради тоа што вашето тело по одвојување на јајните ќелии започнува да се подготвува за зачнување и произведува прогестерон, поради што доаѓа до зголемување на базалната температура. Секое зголемување на базалната температура, не значи дека дошло до овулација, затоа е важно секој ден внимателно да се следат промените. Доколку температурата одеднаш се зголеми и продолжува да се зголемува 2 дена потоа, тој период претставува овулација. Плодни денови настапуваат 2-3 дена пред зголемување на температурата и можеби, уште на денот на зголемената температура.

По овулација температурата останува зголемена за 0,2°C,  се до следниот менструален циклус, кога се враќа на нормално ниво. Доколку во тек на овулација дојде до зачнување, телесната температура останува зголемена.

За време на менструалниот циклус кај поголем број жени, нормалната телесна температура се движи помеѓу 36,0 u 36,3°C , а по овулација помеѓу 36,2 и 36,5°C . Во тек на овулација, кога температурата е највисока, таа може да достигне до 37°C. Најдобар начин за следење на промените на вашата телесна температура е секој ден, наутро, во исто и однапред определено време редовно да ја мерите температурата и да ја запишувате во табела.
По неколку циклуси ќе развиете шема по која ќе знаете кога во вашето тело настапува овулација.
 

 Дел од циклусот

Промена на температурата

Почеток на циклус

(за време на менструација и веднаш по неа)

Нормална телесна температура се движи помеѓу 36,0 и 36,3 °C

Околу овулација

(се приближуваат плодни денови)

Се зголемува за 0,3 do 1 °C

По овулација

(по плодни денови)

Останува зголемена за 0,2 °C до следната овулација

 

 

Како се мери телесна температура?

Телесна температура се мери наутро, веднаш по будење, пред да станете од креветот или да се протегнете, пред сексот, првите цигари, пред било што. Важно е да сте имале 6 часа мирен сон, да не употребувате таблети за смирување, или било какви стимулатори, да немате грозница и да сте здрави.

Се препорачува телесната температура да се мери секој ден во исто време, под јазикот или во анусот (можете да го навиете будилникот да ве разбуди порано, отколку што обично станувате, да ја измерите температурата и ако имате време да се вратите да поспиете уште малку) и секогаш треба да користите ист топломер.

Прв ден на мерење треба да биде првиот ден на менструација. Секое мерење треба да се запише во табела. Важно е да знаете дека секоја промена во емотивната или физичка ситуација може да влијае врз телесната температура, затоа е важно и ваквите отстапувања, исто така да се запишат во табела. Тоа подоцна ќе ви помогне подобро да ја разберете.

Додатни информации
Посетете го нашиот Календар на овулација
и прочитајте повеќе за Овулација и плодни денови

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Месечен циклус кај жената
Месечниот циклус на жената се мери од првиот ден на нејзината менструација до првиот ден на следната менструација. Кај п...
5
Овулација и плодни денови
До овулација доаѓа кога јајце клетката која созревала во јајникот во текот на циклусот ќе се издвои и ќе го започне свој...
5
Вештачко оплодување
Многу парови имаат проблеми со зачнување и вештачкото оплодување за нив е единствено решение (англиско видео)
5
Ин-витро оплодување
И природата понекогаш има потреба од малку помош.
5




Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?