vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Битолска Млекарапо втор пат организира караван со натпревари за сите оние кои сакаат да учествуваат во десетте Баланс+ игри, да се забавуваат и да освојуваат награди. Оваа година под мотото „Активна здрава забава“ караванот со натпревари ќе ги опфати градовите Скопје, Штип, Струмица и Битола.
Првиот настан е закажан на 19.05.2013 година (недела) пред школка во градскиот парк во Скопје со почеток од 10:00 часот. Вториот настан ќе се одржи во Штип на 25.05.2013, потоа следуваат Струмица на 01.06.2013 и Битола на 09.06.2013 година.
За позитивната атмосфера и доброто расположение на настаните задолжени се познатите Тони Зен, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски и ContruDJ кои заедно со жонглери, илузионисти и огнофрлачи ќе ги бодрат учесниците на сите четири Олимпијада+ настани.
На настаните организирани во рамките на Олимпијада+ учесниците ќе имаат за задача да надминат 10 пречки, да се натпреваруваат во 10 игри и тоа: скокање во вреќа, тргање со јаже, стрелање со стрела, куглање, трчање со штафета, бадминтон, собирање јогурти, сложувалка, нафрлување на мини обрачи и балансирање. За најдобрите учесниците обезбедени се вредни награди и тоа 48 таблети, 48 фотоапарати, 48 mp4 плеери.
„Задоволни од успехот на минатогодинашните настани Балансираме заедно, со уште поголем ентузијазам го започнуваме караванот од забавни натпревари Олимпијада+. Целта на настаните е промоција на тимскиот дух и дружењето како рамнотежа на модерното време. Имено, Битолска Млекара е во постојана потрага по начини како да придонесе за здравјето на своите потрошувачи. Така беа креирани Баланс+ производи кои со комбинација на пробиотик и инулин обезбедуваат бројни бенефити по здравјето на потрошувачите. Идејата за организирање на Олимпијада+ произлезе од намерата на иновативен начин да ги потсетиме нашите потрошувачи колку се битни забавата и активниот животен стил за здравјето.“ – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекара
---
Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот - Danube Foods Group.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...