|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Julikej: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 29.8.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/21


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Ник: Julikej

Датум на породување: 03.03.2011  година

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

 

Како мојот најубав свадбен подарок стана најубавиот роденденски подарок што сум го добила...


Два дена по свадбата ланската година  во јуни дознав дека сум бремена, сосема непланирано и неочекувано, но ете малата точка беше тука и растеше со секој нов ден. Безбедна, среќа точката која ја видов на првиот преглед до крајот на февруари по девет месеци минати во утробата на мама сега тежеше повеќе од 3.600 грама.

Лесно без многу мака минаа деветте месеци, денот Д се приближуваше, се подготвував, со нетрпение ги очекував знаците дека моето девојче, нашето Бубу како што нагалено си ја викавме со сопругот решила да излезе, но ништо. Четириесет полни недели и ништо, мина и 41 недела кога на втори март рано утрината не се разбудив со болки.

Бев пресреќна, си реков конечно дојде денот, ќе ја запознаам мојата најмила, наскоро ќе ја гушнам мојата малечка, ќе ја “бубнам“. Му кажав на сопругот за болките и тој со нетрпение го очекуваше овој ден. 

Од тој момент почнав да плаќам “дебело“ за сите девет месеци минати пријатно без било какви тегоби, утрински мачнини и сите останати симптоми на бременост.

Принцезата која со нетрпение ја очекувавме реши да излезе дури следниот ден на трети март, по речиси 40 часа во болки и бескрајно очекување.

Среќа ме облеа кога докторката рече спремај се те качуваме горе да се пораѓаш. Си помислев Фала ти Боже, за саат до два ќе ја гушкам мојата малечка. Уште еднаш се измамив.

Во родилната сала се качив сама по скали со насмевка на лицето. Сопругот ме испрати до самата врата, ме бакна и ме испрати велејќи ми: Оди роди го Бубу јас ќе ве чекам тука.

Поминав уште 10 часа во болки, кои до осум прсти ги издржував херојски, а поради кои потоа плачев и молев да завршат побрзо, да го родам своето бебе.

Желбата се исполни во 22,23 часот трети март 2011 година Бубу дојде на овој свет. Се уште живо и јасно се сеќавам на моментот кога речиси како да излета од мене, погледнав пред себе и ја видов склопчена, целата во крв мојата малечка. Тогаш целиот останат свет престана да постои, занемена и во бунило ја гледав. Откако ја прегледаа сестрата ја крена над мене и рече “еве ја ќерка ти“, малото суштество ме гледаше од високо. Докторката која ме породи рече “дајте и ја малку, нека ја види“. Ми ја подадоа завитката во една пелена, ја зедов за прв пат во раце, мојата ќеркичка.

Сонце на мама. Знаев дека ќе бидеш иста како татко ти -  црно и намрштено.

Тоа беа првите зборови што и ги кажав. Не можев да најдам соодветни зборови за да и кажам што чувствувам за неа во тој момент, нема толку големи зборови за да ја искажат мојата љубов за моето девојче.

Час и половина пред мојот роденден Бог ми го даде најубавиот и најскапоцениот подарок – мојата Сара.

И сега повеќе од пет месеци како Сара расте покрај мама и тато не можам да и кажам Те сакам не чувствувам дека е доволно, нежно ја држам во прегратка ја гледам како спие во тишина со главата на моите гради и се надевам дека чувствува колкава е мојата љубов за неа, колкава е мојата грижа и дека знае дека мама секогаш ќе биде тука да бдее над неа, да ја чува ...

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Сара !

 

Топ 10 породилни приказни

 

Melanija *: Мојата породилна приказна

 nadica: Мојата породилна приказна

 Тања: Мојата породилна приказна

 Anushka: Мојата породилна приказна

cecka: Мојата породилна приказна

ananikol: Мојата породилна приказна

 kikicka: Мојата породилна приказна

 AnnaMolly: Мојата породилна приказна

 мичо: Мојата породилна приказна

 Palce: Мојата породилна приказна

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
5
Зошто се повеќе се раѓаат гигантски бебиња?
Се чини дека секоја недела во јавноста допира по една информација за новороденче кое шокира со својата неверојатна тежин...
4
Медикаментозен абортус
Медикаментозниот абортус е понов метод за прекинување на несакана бременост со употреба на таблети, наместо со хируршка ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?