Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Музичката група 5+ Бенд ја сочинуваат омилените ликови од најгледаната детска телевизиска серија „5+ Фамилија“, којашто се емитува на Tелевизија Телма. Песните кои се наоѓаат на репертоарот на 5+ Бенд се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп-рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни кои оставиле белег на многу генерации. Мисијата на 5+ Бенд е истите да ги "рециклира", за и новите генерации да уживаат во среќните ноти на некои од најпрекрасните песни.
Се пее рок, поп, народно... во основа се пее с? што е убаво и ги радува ушите. Малку познат факт е дека покрај свирачи и пејачи, членовите на 5+ Бенд се и танчери и акробати и сонувачи и актери и што ли уште не!
Ова е прво шоу во живо на 5+ Бенд, група чии песни на Јутјуб се прегледани неколку милиони пати и претставува прва можност на сцена да се видат Петко, Лина, Цветко, Комшо, Марија, Ана, Дедо Менде и Тетка Душка.
На Телма во тек е втората сезона од играната серија чиј главен лик е Петко, најпопуларниот детски ТВ карактер кој речиси 10 години ги забавува децата и ги учи на вистинските вредности.
Во прилог е видео рекламата за 5+ Концерт:
Дружбата продолжува во живо!
4
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Спортот и плодноста, умереностa е важна
Физичката активност е еден од најважните столбови на здравиот живот, н...
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)