|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Гнезденце кое мириса на бебе...

Барбара Синадиноска Платнар, 7.1.2011
Дневникот на мама, Јануари 2011

image
/11


 

 

Сум слушала од луѓе грамотни и паметни дека “Каменот тежи на своето место”, го преместиш ли, станува бестежинска, безвредна материја.

Од секогаш го сакав местото каде живеам. Уште кога студирав, го земав клучот од дедо, темелно ќе го исчистев станот и учев. И дедо се навикна така. Понекогаш, кога не ќе отидев подолго време, дедо ќе ме потсетеше:”Немаш ли чедо за учење?”, не за друго, туку за малку да му го светнам станот. Во летниот период, кога беше со месеци отсутен, скришно ми оставаше клуч велејќи:”Еве, да не ти текне да учиш за ноемвриската испитна сесија”. Ех, паметен шегобиец тој, сигурно ги сфаќаше нашите младешки проблеми. Така со Л. добивавме љубовно гнездо, нешто кое во тие години го немаше никој од нашите пријатели...

Кога се омажив и кога дедо разбра дека ќе живеам во семејната куќа, со родителите  на Л. даде предлог: тој да се врати во семејната куќа на татко ми, блиску до жената од која се разведе и која не сакаше на патот да ја сретне, а јас со Л. и со бебето во стомачето да одам во “своето” љубовно гнездо. Бевме пресреќни со Л. !

Нашето љубовно гнездо пополека почна да личи на нас. Се лишувавме од излегувања и прослави за да купиме намештај, не одевме на годишен одмор, за да реновираме, исплаќавме кредити за нашето љубовно гнездо да стане пристојно живеалиште за нас и нашиот син. И така би!

Годините се тркалаа како неправилни камења пуштени по удолница. Доживеавме и убави и тешки моменти во нашето гнезденце. М. порасна, а сеуште немаше своја соба во која ќе може да ги доведе своите другари и насамо да се кикоти и игра со нив. Моравме да излеземе со Л. за тој да ужива. Не сакавме да признаеме, а длабоко во себе си знаевме дека ни е тесно, дека не можеме веќе да живееме тука. Но како да го оставиме нашето гнезденце, местото во кое ги доживеавме сите радости, во кое пребродивме многу таги, таму каде што станавме семејство. Па нека ни е тесно, така ќе бидеме поблиску, прегрнати, сплотени.

Кога по 14 години на свет дојде нашето бебенце, нашето второ детенце, веќе беше јасно дека не ќе можеме да живееме тука. Но каде да одиме? Никој не ни нуди решение, никој не ни излегува во пресрет, никој не не слуша кога велиме дека веќе не можеме вака, дека воздухот кој го дишат нашите деца станува тежок. “Секој камен си тежи на своето место, кој каде што се нашол, таму нека седи”- велеа неговите, не водејќи грижа дека едниот камен го фрлија во далечина, да лета по водата, па кај ќе падне таму да тежи, а другиот внимателно и со дикат го сместија на површината.

Не го оставивме нашето гнезденце, бидејќи немавме друго, не го напуштивме местото кое почнавме да не го сакаме, заради тоа што ги гушеше нашите деца, секое на свој начин...

Четврток, 18 ноември, 2010 година

Ѕвони поштарот и ми дава плико, го отворам и читам: “Јас, Вашата тетка, сестрата на Вашиот татко, го купив Вашето гнезденце. Имате десет дена да го напуштите.”

Сабота, 26 ноември, 2010 година

Се пакувам. Во посебна кутија ги ставам храните, шишињата, цуцлите, блендерот...Во друга ги ставам нејзините мали алиштенца, маички, чорапчиња, боди...Во трета ставам алишта кои ќе ми бидат потребни за понеделник за на работа, долна облека, четка за коса, шминки и еден парфем.

Како да ќе одам некаде. Како да одам на викенд некаде!? Не сум свесна што ми се случува!? Треба да се исселам, да ја земам и последната игла оттука, а јас заминувам со три парчиња облека. Ја оставам печката да полни, спростирам перени алишта на тераса, ја облекувам М., ја земам во раце и се вртам назад – Да! Ова е моето гнезденце, местото каде живеев 15 години, местото кое ги знае сите мои тајни, сите мои патила и радости...и сеуште мириса на бебе. Нека остане такво во моите мисли, така сакам да го запомнам. Маж ми стои до мене и ме остава да направам како ми е волја. Знам дека нема да каже ниту збор кој ќе ме освести, кој ќе ме внесе во суровата реалност на тешката преселба, тој знае дека јас не сакам да рушам, не сакам да вадам гранче по гранче од нашето гнезденце.

Таа тешка задача ја презеде тој. Јас само стоев на прозорецот, во куќата на мајка ми и гледав како носи кутија  по кутија, апарат по апарат, дел по дел од нашиот живот, гранче по гранче од нашиот дом. Само стоев на прозорецот и немо посматрав, само го гледав, а тој не прозборе ниту збор.

Почна да го реновира и делот каде требаше да живееме, почна да го гради и нашиот нов дом, а јас сеуште стоев на прозорецот и тагував по нашето гнезденце кое мириса на бебе...

Го гледав како меша малтер, како носи плочки, поликолор, како договара местење на ламинат, кнауф, од прозорецот го гледав и камионот кој го донесе и последниот елемент од нашето гнезденце, а не мрднав ниту со прст. Како да гледам некој филм, кој еве сега уште малку ќе заврши, филм после кој ќе ги избришам солзите и ќе продолжам со нормалниот живот.

Не појдов ниту да видам што изгради Л. и како со брзина на светлината го уреди и прилагоди нашиот нов дом! Стоев на прозорецот и тагував по нашето гнезденце кое сеуште мириса на бебе...Со денови стоев на прозорецот и тагував...

Тогаш Л. ме фати за рака, ме седна во кола и ме однесе на нашата веќе бивша адреса, на местото каде живеевме 15 години.

Штама! Гробна тишина! Ѕидови, врати и прозорци без душа. Ја нема печката која ја оставив да полни, на терасата не висат алишта да се сушат, гнезденцето повеќе не мириса на бебе. Молк чија гласност убива, тишина која ги пара ушите. Зборнеш ли збор одекнува како да си паднат во најдлабоката провалија. Кое е ова место, каде сум јас!? Те молам Л. носи ме дома, носи ме таму каде што печката е полна, каде што висат алиштата на тераса, таму каде што мириса на бебе, па каде и да е тоа! На крај на светот нека е, носи ме таму...

И точно на тоа место ме пречекаа моите две деца, двете мои сонца, на тоа место ме прегрна Л. и повторно двајцата низ солзи си ветивме дека од ова место ќе изградиме наше гнездо.

 

“Каменот тежи на своето место” .......Сентенца за чија вистинитост треба да се размисли...

 

 

Ваша Барбара

 

 

 

И Вие можете да го напишете својот дневник! Споделете ги со нас чувствата и искуството како е да се биде МАМА. Може да ни пишувате на различни теми поврзани со мајчинството и одгледувањето на детето. Својот дневник може да го доставите до главниот и одговорен уредник на Рингераја.мк, на е-адресата: glaven.urednik@ringeraja.mk

 


Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
17
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
14
Ветување од една тетка до нејзините внуци
Пресреќна сум што ве имам во мојот живот и тоа ми носи многу радост. Кој би знаел дека вакво нешто ќе има толкаво влијан...
8
Најдобри мајки на светот се...
Најдобри мајки на светот се италијанките, пишува во Coriere De la Sera
8


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Компјутери
Боцко

Дали да отвориме тема за компјутерски совети и решавање проблеми со компјутери?

Да (74%)

Не (16%)

Сеедно (11%)


Број на сите гласови: 19

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!