Katke во 23:56
на тема RE: Знаци на бременост II
Може ли одложувањето на бременоста до средината на триесеттите години да биде погубно за вашата плодност, зачнување и бременост, се прашува Др. Оз во епизодата “Кога сте престари за бременост?” и објаснува дека според истражувањата во статистиката, биологијата смета дека може.
Во САД една од пет жени ја одложува бременоста до после 35-та година, а во последните 15 години бројот на бремености после 40-та година бележи пораст за 50%. Многу познати личности од светот на филмот и музиката како што се Nicole Kidman, Salma Hayek, Juliane Moore, Brooke Shields и Halle Berry, родиле по 40-та година, а некои од нив и во подоцнежните 40 години. Меѓутоа, доцната бременост носи поголем ризик за спонтан абортус и поголем ризик по здравјето на мајката и детето.
Др.Оз го поставува прашањето: Дали е можно дека жените кои се воспитувани дека можат да постигнат се што сакаат, всушност не можат? Дали сме во одредена возраст навистина престари за раѓање?
Jennifer Lahl, оснивач и Претседател на Центарот за биоетика и култура, тврди дека природата не ја одредила без причина возрасната граница до која се жените плодни.
Др.Оз ги предупредува жените дека иако се сметаатза младолики и во добра форма и не чувствуваат дека стареат, нивното тело сепак старее. Гинеколозите тврдат дека во дваесеттите години жените имаат 50% шанси да забременат, во триесеттите околу 20% шанси, додека во 40-те имаат само 5% шанси за зачнат по природен пат.
Жените се раѓаат со околу 2-3 милиони јајце клетки во секој јајник, а до пубертетот ќе изгубат околу 300,000, што е голем број на преостанати јајце клетки. Но, додека да наполнат 30 години, ќе изгубат околу 88% од вкупниот број на јајце-клетки, со кои тешко се остварува бременост.
Гинекологот Др. Ulla Marton објасни што се случува во телото на жената во текот на четириесеттите.
“Со влегувањето во 40-те, моќта на оплодување на жената бележи драматично опаѓање. Во идеални околности се оплодуваат околу 30% од јајце клетките, во 25% не е можно соодветно производство на јајце клетки и исто во 25% причина за неплодност е неадекватниот транспортен простор кај жените, а тоа се оштетени јајцеводи, неповолна реакција на слузницата на материцата на хормонските сигнали.”
Др.Оз ги предупредува жените дека биолошкиот часовник е исклучително реален и не смее да се игнорира, посебно ако еден ден сакате да имате деца.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што е неопходно да имате по породувањето?
Олеснителни околности за мајките после породувањето...
“Грешки” кои ги правиме со новородените бебиња
Никој не знае како да биде родител, се додека не добие бебе. Повеќето ...
Луѓето имаат какви ли не соништа. За животот, за идните планови, за го...
Супер храна за трудници! Што мора да јадете?
За ваше здравје и за здравјето на вашето бебе, вклучете ги овие намирн...
Топ 12 родителски трендови во 2022
Како што расте бројот на новата генерација родители, почнуваат да се п...
деца
пеперутка16Колку деца имаш?