|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дозирано вежбање – болестите под контрола

Александра Олјеска, 20.6.2011
Телесната неактивност е еден од најзначајните ризици за срцеви болести на кои инаку се особено склони луѓето со шеќерна болест.
Клучни зборови:

image
/11


Редовното вежбање е најздрава животна навика во секој возраст. Незаменлива улога во чување на силата, подвижноста и издржливоста на организмот.Со тоа директно придонесува кон телесно и душевно здравје, а тоа посебно доаѓа до израз кај подолготрајното задржување на независноста во староста.Телесната неактивност е еден од најзначајните ризици за срцеви болести на кои инаку се особено склони луѓето со шеќерна болест. Штетното влијание од недвижењето во тие околности и неспоредливо со добро познатотo зло што го предизвикува пушењето.

 

НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ

Поволните ефекти од редовното вежбање повеќекратно се прикажуваат во намалувањето на метаболичната нерамнотежа. Зголемената потрошувачка на енергија во вежбањето, на пример, може да помогне во намалување на телесната тежина, но вежбањето е најважно во долгорочното одржување на загубата на телесната тежина. Независно од тоа, вежбањето дополнително влијае за зголемување на чувствителноста на инсулин и за акутно намалување на нивото на гликоза во крвта.Севкупно е докажано дека редовното вежбање го намалува ризикот од шеќерна болест тип 2.Се намалуваат исто така и другите срцеви ризични фактори како што се зголемениот крвен притисок и маснотиите во крват.Таа низа поволни влијанија е толку неоспорлива што се поттикнати и истражувања со цел да се создаде теблета која би ги „имитирала“ ефектите на вежбањето. Такво  решение за мрзливоста сепак сеуште не е пронајдено, а сигурно никогаш нема ни да ги дофати добрите ефекти што ги нуди движењето.

 

КОЛКУ ДА ВЕЖБАТЕ ?

Денес се прифатени препораките за пожелни 30 минути секојдневно вежбање.Тој ритам може да биде и поинаков, но добро би било севкупно да бсе обработат околу 2,5 часа неделно. Повеќе вредат чести вежби од само 10-ина минути отколку, на пример, долго вежбање исклучително само за викенд. Активностите треба да се распоредат низ најмалку три дена во неделата без повеќе од два последователни дена без вежбање.

 

 ПРЕДИЗВИКОТ НА СЕКОЈДНЕВИЕТО

Кога цврсто ќе се прифати сознанието за важноста на вежбањето, преостанува оној најголемиот предизвик – да се  внесе таа промена во начинот на живеењето. Лошите навики се стекнуваат со години, па е потребна силна вера и одлучност за обврската на вежбање во потполност да се вклучи во секојдневието. Очекувањата треба да бидат приземјени бидејки до вистинските достигнувања може да се дојде само пополека и постапно . Да се започне со вежбање никогаш не е предоцна. За полесен почеток добро е да се соберат што е можно повеќе совети и идејата за тоа како може да се зголеми телесната активност.

 

МОЖНОСТИТЕ СЕ ОКОЛУ НАС

Оставете го далечинскиот управувач ако веќе гледате телевизија, а уште подобро би било за тоа време да возите собен велосипед.Потребно е за вежбање да се искористат постојните секојдневни можности.Одете каде што можете. На пример, продолжете го одењето при доаѓањето или одењето на работа со тоа  што ќе се симнете од автобусот или ќе паркирате подалеку. Наместо телефонски повик, прошетајте до својот соработник и што повеќе користете ги скалилата наместо лифтот. Во секоја можност забрзајте го чекорот. Можеби на работа можете да одите со велосипед. Исто така и сите домашни работи може значајно да допринесат.

 

ИЗБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО ЗА СЕБЕ

Денеска се попопуларно е одењето со стапови, односно т.н. нордиско одење. Така се вежба горниот, а делумно  се влијае и врз долниот  дел од телото. При понатамошниот избор на вежба водете сметка за тоа колку одговара на вашиот животен стил и на телесните способности. Одењето е обично прва препорака, наједноставна можност која може да стане  редовна навика, а не бара посебни услови и подготовки. Охрабрете се одејќи во друштво со семејството, пријателите, за викенд планинарете, собирајте шумски плодови или едноставно тргнете во природа во„лов на најдобрата фотографија“. Во зима дури големите маркети може да бидат добар простор  за одење.Има цела низа  можности, трчање, возење велосипед, танцување, гимнастика, тенис, пливање или пак некој колективен спорт.

 

СО ИСТРАЈНОСТ ДО УСПЕХ

Најважно е да  се задржи мотивацијата и да се остане истраен.Тоа најдобро се постигнува ако вежбањето ви е забавно.Се менуваат повеќе различни активности за да ви биде интересно. Ако нешто помалку ви одговара, обидете се со нешто друго се додека не го најдете вистинското.Многу е важна и подршката од околината – опкружете се и дружете се со активни луѓе кои ќе ве поттикнат и заеднички ке учествувате.На некои луѓе и во тек на вежбањето им одговара слушање музика, разговор или гледање телевизија додека вежбате дома. Тие активности може да придонесат да Ви го свртат вниманието и да ви го олеснат вежбањето.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Седум начини за побрзо забременување
Сакате да забремените баш сега! Секако, оваа задача сакате да ја решите како и сите други задачи и работни обврски. Но,...
5
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
4
Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
3
Ќе имаме бебе! – најслатките објави на поз...
Како познатите ја објавуваат најсреќната вест во животот? Тие знаат да бидат многу креативни и преслатки. Погледнете нек...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?