Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Истражувањата извршени во последните години, поврзани со исхраната, покажуваат дека на телесната тежина не влијае само бројот на внесени калории, туку и прашањето кога се внесуваат тие калории.
Ова истражување покажува дека обилниот појадок ја подобрува плодноста кај жените со нередовна менструација.
Студијата се занимавала со прашањето дали времето на оброк влијае на здравјето на жената со нередовна менструација, предизвкана од синдром на полицистични јајници. Со овој синдром се погодени од 6-10% од жените во репродуктивниот период и тоа негативно влијае на нивната плодност.
Синдромот на полицистични јајници создава отпорност на инсулин, што доведува до зголемување на бројот на машките хормони, а исто така може да предизвика нередовна менструација, опаѓање на косата, акни, проблеми со плодноста и дијабетес.
Експериментот е извршен во медицинскиот центар Волфсон на 60 жени во период од 12 недели. Жените биле на возраст меѓу 25 и 39 години, со мал индекс на телесна маса и имале синдром на полицистични јајници.
Жените биле поделени во две групи и им било дозволено да внесуваат околу 1800 калории дневно. Разликата меѓу двете групи било времето кога го имале најобилниот оброк.
Едната група имала најголем оброк, околу 980 калории, за време на појадок а другата за време на вечера. Истражувачите сакале да испитаат дали времето на внесување на калориите влијае на отпорноста на инсулин и порастот на андрогени меѓу жените со полицистични јајници.
Резултатите, кои неодамна се објавени во списанието Clinical science, покажале подобри резултати кај групата која имала обилен појадок. Покрај тоа, во првата група е забележан многу поголем број жени со овулација, отколку во втората група, што покажува дека обилниот појадок доведува до зголемување на нивото на плодност меѓу жените со синдром на полицистични јајници.
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна редовната хигиена во домот?
Домот е многу повеќе од четири ѕида. Тој е наше засолниште, место за о...
Здравствени придобивки од јадење овошје
Овошјето е едно од најприродните и највкусните извори на витамини, мин...
Колострумот, познат како „првото млеко“, е вистинско богатство што мај...
Секој од нас барем еднаш почувствувал чувство на тежина, стегнат стома...
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...