namesp во 10:10
Рубеола
Редакција Рингераја, 4.5.2010Рубеола (или German measles) е заразна вирусна болест која се јавува кај луѓето. Иако кај повеќето луѓе болеста е умерена, во раната бременост таа може да предизвика вродени дефекти на фетусот или спонтан абортус.
Вродениот синдром на рубеола се јавува кај 90 проценти од бебињата кои ги родиле жени што биле заразени со рубеола во текот на првите три месеци од бременоста. Вродениот синдром на рубеола може да предизвика вродени малформации вклучувајќи срцеви маани, глувост, оштетување на мозокот и проблеми со очите вклучувајќи катаракт.
Симптоми на рубеолата
Симптомите на рубеола може да вклучуваат умерена треска, осип, течење на носот, болно грло и често, отечени лимфни јазли. Исто така често се јавуваат болки во зглобовите, посебно кај жените. Во ретки случаи, рубеолата може да се комплицира со намалување на бројот на крвните плочки (тромбоцитопенија) што може да предизвика крварење, или со енцефалитис (воспаление на мозокот).
Како се пренесува?
Рубеолата се пренесува преку капки од носот или устата на заразеното лице или со директен контакт. Од рубеола лесно се заразуваат лица кои не се вакцинирани или кои претходно не ја прележале болеста. Периодот откако лицето било изложено на вирусот до појавата на болеста обично изнесува од 14 до 21 ден. Лицата заболени од рубеола обично се заразни седум дена пред да се појави осипот и четири дена после тоа.
Како да се спречи?
Лицата со рубеола треба да останат дома најмалку четири дена откако ќе се појави осипот и треба да избегнуваат контакт со лица кои не се имуни на болеста. Најдобра заштита од рубеола се постигнува со вакцинирање со ММР вакцината, која штити од заболување од мали сипаници, заушки и рубеола. ММР вакцината треба да им се даде на децата кога тие се на возраст од 13 месеци. ММР вакцината е безбедна и ефикасна вакцина која долго време се користи насекаде низ светот. И покрај тоа што многу од постарите возрасни лица се отпорни на рубеола затоа што биле вакцинирани или заразени како деца, младите возрасни лица (посебно мажите) може да не се вакцинирани. Вакцинирањето против рубеола е многу важно за жените (и мажите) на возраст кога може да имаат деца за да се намали шансата бремените жени да дојдат во контакт со рубеола и да се заразат.
Многу е важно за сите жени кои планираат да забременат да знаат дали се отпорни на рубеола. Жените кои планираат да забременат треба да направат крвна слика, тоа може да го направи нивниот локален доктор, за да проверат дали се заштитени од рубеола. Бремените жени не треба да примаат вакцина против рубеола и треба да се избегнува забременување еден месец по примањето на вакцината.
Лекувањето на симптомите на рубеолата вклучува одмор и пиење многу течности.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...

Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...

Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
