Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Некои од вас се благословени со деца ангелчиња, испратени до вас со крила, ореоли и сончева аура. Ние останатите...имаме напорни деца.
Напорните деца доаѓаат во различни големини, форми и години. Зафркнато е тоа што мислите деца сте родиле мирно дете и наеднаш – БАМ – напорно дете право в лице. Можеби имавте напорно бебе кое порасна во мирно дете, или мирно дете кое порасна во невозможен тинејџер. Добри вести се што...напорните деца се менуваат во прекрасни деца цело време. Само доаѓањето до таа точка може да биде тешко.
Моето напорно дете
Моето четврто дете се роди лудо. Луто, црвено во лицето, донесено на светот лудо. Првата ноќ во болница, сестрата се жалеше: “Ова не е плачење на новороденче, ова звучи како лут маж, или нервозно дете”.
Плачење, плачење, плачење...имаше многу. Мислев дека ќе го смирам држејќи го што поблиску во прегратка. По неколку дена сеуште беше бесен, плачеше по цели денови и ноќи, со мали паузи. Почнав да се сомневам дека има колики.
Бебињата со колики се напорни. Во една рака, сакаш да го сакаш тоа прекрасно суштество кое си го создала, но во друга рака, сакаш да ја затвориш вратата, да ставиш слушалки на ушите и да ги преспиеш следните 18 години.
По седум месеци...дали го гледате тоа? Истата фаца! Истата налутена фаца! Можете ли да верувате? Јас можам...Го гледам секој ден. Седум месеци од лудост која трае 24/7 изгледаат како вечност.
Кога имате напорно дете, секој ден ви се чини како да е долг милион часа и има периоди кога се колнете дека не можете да издржите повеќе. За жал, има се повеќе родители кои имаат напорни деца и кои се колнат дека не можат да издржат повеќе...
Но тогаш наоѓаме сила да издржиме. Наоѓаме начин. Мораме.
И секој ден поминува, со некаков благослов и благодарение на нашите напори секој ден е за нијанса подобар од претходниот. Иако е подобар за 0,001%! Сепак има напредок.
Со цел да го видите напредокот, ова се 4 големи грешки кои треба да ги избегнете, кога се соочувате со напорни деца.
Не правете го ова ако имате напорно дете
Никогаш не се откажувајте. Никогаш.
Бидејќи ќе има денови кога ќе сакате да се откажете. Кога ќе сакате да исфрлите се и да кажете “Се откажувам!” Ќе сакате да ги испратите на кампување, на мисија на Марс, или на поседок кај баба им на неколку...години. Но нема Првата погрешна работа која можете да ја направите е да се откажете. Му требате на вашето дете да бидете тука. Во добро и лошо. Ве молам никогаш не се откажувајте од него. Ќе поминат овие периоди и вашето напорно дете еден ден ќе стане прекрасно.
Не се препотувајте на мали нешта
Не сфаќајте лично кога вашето дете превртува со очите, вика на вас или изјавува дека ве мрази.Иако треба да спречите такво однесување, сепак не се спротивставувајте. Иако такви ситуации се фрустрирачки, гледајќи оддалеку овие моменти ќе бидат само мали одблесоци во времето. Обидете се да бидете кул и да не се препотувате на мали нешта.
Не гледајте ги тешките особини како недостатоци, погледнете на нив како на предности
Овој концепт комплетно го трансформира начинот на кој гледам на моите деца. Комплетно.
Вашето дете кое ве полудува со милиони прашања и кое секогаш сака да знае “зошто” и бара одговор на секое прашање, тоа дете може еден ден да биде научник, инжинер или судија. Тоа дете секогаш ќе ја бара вистината.
забава Бремените
Автор: bobik
Кога детскиот апетит не е само фаза
Во последните години, се повеќе родители забележуваат дека нивното дет...
Вашиот животен простор е преполн со најразлични опасности за најмалите...
Спиење и одмор на новопечената мајка
Без разлика на фактот дека раѓањето на детето е повеќе од посебно дожи...
Природни лекови за настинка и грип
Настинката и грипот се меѓу најчестите вирусни инфекции кои секојдневн...
Во што вреди да вложиш? Во себе
Ако животот е нашата најголема инвестиција, тогаш најмудрите чекори во...