vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Со едноставен бакнеж, може да изразиме внимание, почит, поздрав, љубов, пријателство, добра среќа или добар пат. На Денот на бакнежите бидете во друштво со најблиските, пријателите, кажете им убав збор, прегрнете го оној на кој му треба утеха, подарете искрена насмевка бидејќи насмевката е бесплатна, подарете љубов, бидејќи љубовта го движи светот.
Ова се наведува во повикот на невладините организации „Уметност на живеење Македонија”, „Арт Лајф”, „СУНА” и „Банка за храна”, по повод одбележувањето на 6 Јули – Меѓународниот ден на бакнежите.
- Многу луѓе имаат заборавено за чувството на припадност и топлина кои произлегуваат од бакнежот, прегратката, насмевката, а се сосема спротивни од сегашниот начин на комуникација каде бакнежите и насмевките се испраќаат преку телефон и смарт апликации, компјутери или се оставаат на социјални мрежи.
- Стресот и насилството во општеството може да се намали преку будење на позитивните вредности (среќа, радост, внатрешен мир, чувство на припадност и поврзаност со луѓето, физичко и ментално здравје) во сите сегменти и димензии во животот и овој ден асоцира токму на овие вредности, велат во пораката овие НВО-ии.
Прегратката, бакнежот, насмевката претставуваат израз на психо-социјално здраво битие кое знае да се изрази на вистински начин и воспостави релација со светот, наместо да комуницира преку социјални мрежи или телефони, потсетуваат во својата порака.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...
Како да ја подобрите циркулацијата на крвта?
Студени раце и стапала, чувство на тежина во нозете или замор по долго...
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...