Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Дали ултразвукот е штетен? “Не” е службениот став на Германското друштво за ултразвук во медицината (ДЕГУМ).
“И покрај десетици години истражување нема студија која упатува на тоа дека ултразвучните прегледи во бременоста на било кој начин можат да му наштетат на нероденото дете“ кажува др. Каи-Свен Хелинг, потпретседател на ДЕГУМ.
Опасност од покачување на температурата
Единствена опасност која спрема стручните лица сепак постои од ултразвукот е покачување на температурата на третираното ткиво кај мајката. Таа е сеуште пониска од температурата која се развива во телото кај зголемувањето на температурата поради болест или поради активност. Меѓутоа, ако ултразвукот се користи повеќе минути, а не само неколку секунди, како што е вообичаено, таквиот ултразвук може да има штетно влијание на бебето.
Новите и напредни ултразвуци се се повеќе прецизни, донесуваат приказ на бебето во високи резолуции прикажувајќи и најситни детали од градбата на телото на бебето, а со тоа се за жал и потенцијално поштетни.
Брановите од ултразвукот во одреден момент (било со предолг преглед или прејак ултразвук) потенцијално ќе стигнат и до бебето, ќе делуваат на нежната и осетлива структура, ткива и органи во раст и развој што секако треба да се избегне посебно доколку е само желба на родителите после пораѓањето да имаат видео од своето бебе во стомакот. Бебето наскоро ќе пристигне и ќе можете да го допрете во живо, да го набљудувате и да го гушнете, а до тогаш уживајте во слатките тајни дали ќе го има носето на мајката или на таткото.
Видови на ултразвук
2д – стандарден ултразвук
3д – тродимензионален приказ на статична слика од детето во висока резолуција
4д – тродимензионален приказ на детето во движење во реално време
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...