|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сите знаеме дека односите со нашите деца не значат секогаш само љубов. Понекогаш има и гнев, досада, напрегање. За овие чувства треба да се зборува, ако не сакаме да се продлабочуваат...
Клучни зборови:

image
/11


 

Секој се сретнал со слични проблеми - тригодишното дете се обидува да го избоде новороденчето со молив, собата на ќерката е во хаос и целиот дом е неуреден. Ви доаѓа преку глава.


    Како да кажете дека секогаш ги сакате своите деца? Дека сте сакале ќерката да е одлична, а син ви да е чудо од дете, но всушност се добило нешто различно.

Таквите работи не се вклопуваат во сликата на идеална мајка која треба секогаш да е љубезна, трпелива, педагошки коректна, никогаш да не биде агресивна, да ги храни и штити децата и да си игра често со нив. Воопшто, очекувањата од мајките се претерани, па затоа не е чудно што ги задржуваме само за себе негативните чувства.

Психолозите сметаат дека е од суштинско значење е да се преслушаме дали во повеќето случаи имаме причина за негативни чувства.

 

   "Го сакам едното дете повеќе од другото ..."

Ако е така, ќе најдеме многу причини за тоа, но не и оправдување. А всушност е сосема природно да го почувствуваме понекогаш едното дете поблиско. Ова доведува до сериозни конфликти само ако мајката е единствениот близок човек. Не можеме да гледаме на љубовта кон детето како на обврска. Но ќе треба да го оставиме да се поврзе повеќе кон таткото или бабата, нешто што децата го прават речиси автоматски.

Важно е и да се потрудиме да разбереме зошто едното дете ни е туѓо. Често се случува затоа што е гласно и независно, повеќе немирно и бунтовно. Колку побрзо ги признаеме пред себе чувствата, толку побрзо ќе направиме така што сите деца да добиваат доволно љубов во семејството. Ќе најдеме начин да му пријдеме и повторно да го приближиме детето до себе.

 

   "Се чувствувам отуѓена од своето дете ..."

Секоја мајка која имала постојано громогласно бебе, знае колку и било тешко и какви контрадикторни чувства имала кон него. Истото важи за бебињата и малите деца со други проблеми, на пример децата кои се агресивни. Во овие тешки периоди е важно да побараме навреме помош, за да не влеземе во маѓепсан круг - не ги разбираме сигналите на децата, не успеваме да го најдеме патот кон нив, а тоа доведува до деградирани односи. Најважно при консултацијата со лекар е да се ослободиме од чувството на вина. Нормално е да се чувствуваме отуѓени од детето со кое сме во вечен конфликт што ни вреска и, се чини, не нè љуби особено. Најтешко го чувствуваме тоа во пубертетот, но колку и да боли, треба да ги видиме и добрите страни на таа неподготвеност за контакт и одбивност - синот или ќерката го бараат својот идентитет.

.
    "Го сакам детето, но улогата на мајка не ми се допаѓа многу"


Не е секоја жена подготвена по раѓањето да заборави за сопствени потреби и на досегашниот идентитет. Да станеме мајка значи во почетокот до одреден степен да изгубиме дел од себе, да се изолираме од нашите пријатели, да сме зависни финансиски и емотивно. Во такви случаи е потребна храброст да ги наметнеме сопствените претстави за улогата на мајката –на пример да го запишеме детето на градинка, или да ангажираме дадилка и да тргнеме повторно на работа. Или пак обратно, да имаме храброст да не го направиме тоа. Понекогаш е доволно размислиме што значи да се биде мајка. Има обесхрабрување, досада, замор, но и љубов и среќа. Во секојдневните нешта е корисно да пристапуваме практично - ако не ни се пее приспивна песничка, можеме да го пуштиме радиото. Ако не ни се игра со Лего коцки, подобро е да го правиме она што ни е поинтересно, и да ги натераме детето исто да учествува.
 


    "Не можам да се разделам со детето ..."


Да одгледуваш дете значи да се разделуваш со него "на порции". При одбивањето, при испраќањето во градинка, при тргнување на училиште, првата голема љубов - тоа се се разделби. Ако видиме дека тоа ни е толку тешко што се обидуваме да го спречиме, значи имаме проблем - и ние, и детето. По години на посветеност на другите мора да се запрашаме: што ми треба, што ми недостасува, од што се плашам? Можеби сакаме да бидеме не само мајки, но и жени. Можеби е време да заминеме на работа и да си поставиме нови цели. Или да обрнеме повеќе внимание на партнерот и на сексуалниот живот. Кај секоја жена стапките на надминување на разделбата се различни. Крајот на еден период и почетокот на нов се придружени од чувството на несигурност и тоа е нормално. Потребно е време да се навикнеме, токму како што беше и кога сме се навикнувале на улогата на мајка.



    "Разочарана сум од своето дете ..."

Во теорија секој знае дека децата не се раѓаат само за да ги исполнат очекувањата на своите родители. И сепак не сме задоволни, кога ќерката, планирана за одлично дете, не е особено добра во училиште. Или сме очекувале весело дете, а тоа е срамежливо и не сака контакти со други луѓе. Добро е да се свртиме кон психотерапевт за надлежен совет. Но најважно е да поразговараме со самото дете. Да го прашаме што сака, мисли и чувствува. Можеби тоа има други проблеми, затоа нашите напори остануваат залудни. Колку добро се познаваме и себе и детето, толку побрзо ќе се заборави разочарувањето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
4
Детето беснее, што да (му) правам?
Кога малите деца имаат изливи на бес, родителите ги гледаат само последиците преку нивното однесување, а всушност треба ...
4
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Кутија полна со бакнежи
Еднаш одамна еден татко ја казнил својата петгодишна ќерка, бидејќи изгубила многу вреден предмет кој и го подарил, а во...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?