vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Почитувани,
Во септември 2009 година ми беше дијагностицирана Акутна Миелобластна Леукемија - AML-M2/M4. Со цел за лекување на болеста добивав цитостатска терапија на Клиниката за Хематологија во Универзитетскиот центар Скопје, и по влегување во ремисија ми беше направена трансплантација на коскена срцевина, која за жал, поради немање на сроден и несроден дарител, беше автологна.
На моја голема несреќа, на направената контрола на 06.05.2011, ми беше дијагностициран релапс на болеста (Relapsis Leucosis nonlyphoblastica), што подразбира потреба од повторно долготрајно лекување и повторна трансплантација.
Со оглед дека трансплантацијата би било потребно да биде направена од несроден дарител, направив контрола и консултација со Проф. Д-р. Ухарек, од Берлин (Шарите болница), чиј одговор Ви го приложувам. Тој смета дека е потребно да почнам со терапија уште веднаш, и веднаш да се почне пребарување за дарител на матични клетки, кој би бил соодветен.
За сите овие процедури и лекувања, потребни се големи финансиски средства, околу 200.000 евра. Во меѓувреме, ќе поднесеме барање и до Фондот за Здравство на Република Македонија, како би добиле финансиско покритие. Сепак, и доколку се наиде на позитивен одговор од фондот, за покривање на дел од трошоците, средствата кои моето семејство е потребно да ги уплати за моето лекување, се навистина големи. Поради тоа, Ви се обраќам со молба, ако сте во состојба да ми помогнете со Ваша донација како би можела да започнам со лекување.
Сметката на која би можеле да ги уплатите средставата за донации е ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА: 320500021000578 Телефонски броеви за донации: 070/14 33 00 (за корисниците на Т-мобиле) и 075/14 32 22 (за корисниците на ОНЕ). |
Однапред благодарам,
Наташа Пановска
ПРОЧИТАЈТЕ што се зборува на нашите форуми на оваа тема.
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Како да го користите циклусот во ваша корист?
Менструалниот циклус не е важен само за репродуктивното здравје. Тој в...
Врската со бебето започнува уште во бременоста
Врската меѓу мајката, таткото и бебето не започнува со породувањето. Т...
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?