|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Да ги научиме децата на толеранција

Редакција Рингераја, 18.1.2012
Во нашето модерно општество сме опкружени со луѓе кои се разликуваат по многу нешта: националност, вера, култура, род, обичаи или се разликуваат по физичкиот изглед, степенот на образование, а тука се и личностите со инвалидитет и други разлики...

image
/11


 

 

Некои луѓе сакаат да бидат во мултикултурно опкружување, додека други не се чувствуваат удобно во него. Тоа во главно зависи од зачестеноста на интеракција со различни луѓе, како и од нашите ставови кон разликите.


Зошто да ја поттикнеме толеранцијата кај нашите деца? За почеток, бидејќи сакаме децата да се чувствуваат опуштено во различните животни околности и да бидат отворени за учење за различните култури. Таквите сознанија носат нови идеи, искуства и енергија во животот на поединецот. Нашите деца можат да научат нови и корисни работи  од другите култури. Ако тоа го сакаат толеранцијата ќе им ги отвори вратите за бизнис, образование, патувања, слободно време, избор на стил на живот, уметност и во други подрачја.


За нашите деца да имаат успешна иднина, мораат да работат со други луѓе. Не смеат да се плашат да чекорат надвор од зоната на удобност и сигурност, што значи дека треба да научат да ги разбираат, почитуваат и ценат другите.
Толеранцијата не значи да се прифати лошо однесување, туку да се прифатат другите луѓе и да се третираат на начин како што би сакале ние да бидеме третирани. Тоа е она што родителите треба да им го пренесат на своите деца.
Толеранцијата не значи да се жртвуваат сопствените ставови и верувања. Спротивно на тоа, толерантните луѓе гордо стојат зад своите верувања, додека ги почитуваат и ценат разликите кај другите.
Децата ќе го наследат нивото на толеранција од своите родители. Децата секогаш не набљудуваат и имитираат, дури и пред да проговорат. Тие се огледало на нашите вредности и ставови кон другите луѓе. Родителите кои покажуваат толеранција низ секојдневниот говор и дела ги учат своите деца да ја ценат различноста. На тој начин им даваме можност на децата да се дружат и да играат со другите.

Еве неколку совети за тоа како да ги научите децата на толеранција:


•    Размислете за начинот на кој комуницирате и разговарате со другите луѓе. Дали е тоа одраз на толеранција? Покажете почитување кон другите луѓе и децата за брзо време ќе го апсолвираат тој модел.
•    Децата слушаат и учат од Вас. Во училиште, децата често се делат на помали групи кои неретко се непријателски расположени едни кон други. Често се случува да се нарекуваат со погрдни имиња. Ако ги прашате зошто го прават тоа, ќе дознаете дека исто или слично слушнале дома. Значи, дури и ако зборувате опуштено со својот партнер, бидете свесни дека децата можат да Ве чујат. Обрнете внимание на речникот кој го користите, без оглед на тоа за кого или за што зборувате. Избегнувајте шеги на туѓа сметка или зборови кои понижуваат. Децата можат да го повторат она што го слушнале и тоа во помалку приватни ситуации.
•    Одговорете на детските прашања за разликите искрено и со почитување. Секако е потребно да имате разговор со децата за разликите меѓу луѓето, но на начин кој ќе покаже почитување на се' што се разликува од она што детето го гледа дома.
•    Изберете програми, филмови, приказни и игри кои ја истакнуваат вредноста на разликите. Медиумите се моќна алатка која има способност да ги обликува ставовите. Ако детето гледа програма или чита за нешто преку што се отсликуваат одредени општествени предрасуди, разговарајте со детето за тоа и објаснете му на кој начин тие предрасуди можат да ги повредат луѓето.
•    Вреднувајте ги разликите во семејството. Прифатете ги квалитетите на секој член, без оглед на различните стилови на живот, интереси и способности. Децата кои чувствуваат дека се почитувани, повеќе ќе ги почитуваат другите.
•    Поттикнете самопочит во Вашето семејство. Познато е дека луѓето кои не ги почитуваат другите ретко се чувствуваат среќни и сигурни во себе. Децата кои имаат почитување кон самите себе имаат тенденција да искажат почитување и кон другите.
•    Вклучете ги децата во ситуации во кои е присутна разноликост. Тоа може да биде спорт, игротека, излет во природа...
•    Заедно со Вашите деца учете за другите култури и традиции. Истражете ги обичаите на другите култури и различните стилови на живот. Разговарајте за тоа на афирмативен начин.
•    Размислете за однесувањето кое сакате да го поттикнете кај детето. Потоа и сами прифатете таков модел на однесување, бидејќи децата скоро секогаш ќе тргнат по Вашите стапки.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?