|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Црна чоколада – ризница на моќни антиоксиданси

Редакција Рингераја, 16.6.2014
Сигурно не сте знаеле дека чоколадото, посебно горчливото, односно црното чоколадо, е права ризница на витамини и минерали. Чоколадата е извор на железо, магнезиум, фосфор, калиум, калциум и мала количина на натриум...

image
/11


 

Црната чоколада, посебно таа која содржи преку 70% какао, е корисна за здравјето. Какаото е богато со флавоноиди, кои играат важна улога во борбата против срцевите заболувања и ракот. За разлика од повеќето други слатки, чоколадата содржи помал индекс на шеќер, а тоа значи дека обезбедува стабилна енергија, наместо нагол скок на гликозата во крвта, што се случува кога се консумираат намирници со висок процент на шеќер.

Американскиот невропсихијатар David Servan-Schreiber издал книга “Против ракот – нов начин на живот” во која тврди дека новата исхрана и начин на живот можат да го победат ракот. Тој во својата книга, покрај другите корисни намирници за превенција на ракот, ја вбројува и чоколадата. Но, Dr. Servan-Schreiber ja препорачува само чоколадата со висок процент на какао, барем 70%. Таквата чоколада е богата со антиоксиданси и полифеноли, кои го забавуваат растот на раковите клетки.

Према најновите истражувања спроведени на Универзитетот во Пенсилванија, 22 грама какао во прав и 16 грама горчлива чоколада дневно се доволни за намалување на нивото на холестеролот во крвта за 10%, додека LDL компонентата на холестеролот (одговорна за атеросклерозата) станува помалку осетлива на оксидација. Полифенолите се многу важен составен дел на чоколадата, кои остануваат непроменети во текот на процесот на индустриската обработка на зрното на какао, па имаат битна улога на атиоксиданси во организмот. Антиоксидансите ги штитат процесите во метаболизмот и го ослободуваат телото од штетните слободни радикали. Затоа, се смета дека чоколадата има и превентивно дејство против атеросклерозата, како и против ракот.

Според тоа, 40 грама горчлива чоколада содржи дури 950 милиграми антиоксиданси, колку што содржи и чаша црно вино.Огромната количина на минерални соли од чоколадата овозможува реминерализација, посебно кај професионалните спортисти и лицата изложени на емотивен стрес.

Црната чоколада содржи многу железо, кое е високо концентрирано, па затоа чоколадата им се препорачува на слабокрвните лица и лицата со осетливо здравје.

Чоколадата има многу важна функција и во централниот нервен систем и во метаболизмот Присуството на теоброминот во чоколадото го поттикнува процесот на дишењето и срцевата активност, ја зголемува концентрацијата на серотонинот, кој е одговорен за доброто расположение, и на тирозинот – хормонот на штитната жлезда. Затоа, чоколадата ја намалува анксиозноста, депресијата и ствара пријатни чувства. Чоколадата ја зголемува работната способност, а најновите сознанија говорат и дека нејзините корисни супстанции се добри и за кожата, за надворешна употреба, и тоа во козметичките препарати.

Во многу козметички салони, во последно време, се повеќе има третмани со препарати на база на чоколада. Тие препарати не само што пријатно мирисаат, туку и длабоко ја третираат кожата и даваат одлични резултати во елиминирањето на масното ткиво. Кожата станува мазна, сјајна и мека само после неколку третмани со чокотерапија.

Популарната чоколада може да послужи и како средство за депилација, бидејќи во восокот за отстранување на несаканите влакна се става одредена концентрација на чоколада за готвење.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Добитници на награди ЛИНО - вторник
Кои се корисниците со најдобра меморија за вторник?
3
Подароци од LOGONA за тројца форумџии!
Нова игра на подароци на Рингераја.мк! Бидете активни на форумите на Рингераја.мк, коментирајте и учествувајте во дискус...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?