vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Ова е совршен Новогодишен подарок за Вашите најмили. Ова е симпатична кукла, која со својата форма и едноставност на шемата е многу лесно да се направи.
Децата ќе бидат пресреќни кога ќе им го подарите овој був. Кога ќе го завршите веројатно ќе посакате да сошиете еден и за себе. Но, да почнеме чекор по чекор.
Потребни материјали:
- обоена ткаенина
- молтотекс
- парчиња од цврста ткаенина во црна, бела, сина и портокалова боја
- 2 црни копчиња
- ножици
- ножици за сечење цик-цак
- ленти
- памук

Чекор по чекор:
Според шемата исечете две парчиња глава, две парчиња тело и 4 парчиња крила. Исечете го молтотексот малку помал од крилата. Составете ги двата дела од крилата, ставете го молтотексот во нив и сошијте ги крилата на машина за шиење.

Поврзете ги двата дела на главата со двата дела на телото. Потоа тоа сошијте го на машина.

Исечете два дела од црната ткаенина со цик-цак ножица во круг. Исечете два помали бели кругови и помали од белите сини кругови. Сошијте ги трите слоеви на машина да добијат форма на очи. Прицврстете ги со копчиња за телото на бувот.

Пресечете парче од портокаловата ткаенина, во форма на ромб и сошијте го хоризонтално меѓу двете очи.
Составете ги двете парчиња од телото и главата, ставајќи ги и крилата малку повисоко. При шиењето оставете место за полнење. Наполнете го бувот со памук или молтотекс.

Кога работите со љубов – резултатот е очигледен. Во рацете имате прекрасна играчка! Некое детенце ќе биде пријатно изненадено.

Извор: lasmanualidades
| Мисијата на "Прегратка на дар" |
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...