|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Најчести мотиви за да дојде до изневерување се љубопитноста, суетата, потребата за докажување...

image
/11


Неверството се случи…

Бракот е нешто свето, од Бога даден, нешто што треба да се чува и негува.... но бракот не е нешто што е неподложно на промени. Во бракот мора многу да се инвестира, подарувајте му љубов на партнерот секојдневно, делете му комплименти, внесувајте страсни изненадувања во вашиот живот. Разговарајте за вас, за неговиот свет, неговите желби, потреби, создадете едно чувство дека вие сте му, пред се, најдобар пријател, па потоа се останато. Создадете чувство дека со вас може да разговара за се, во секое време. Но, не заборавајте да си посветите време и на себе и да се разубавувате како надворешно, така и внатрешно (духовно).

Сепак, ве изневерил. Повредена сте, лута... Но, одговорноста за неговото однесување е негова, зашто е воден од сопствени мотиви. Доколку, причина за неверството се несогласувањата и проблемите кои сте ги имале во бракот, тогаш нависитна го одбрал погрешниот пат за нивно решавање.

Останете своја, останете смирена

Прво што треба да направите е да останете своја. Не навредувајте, не паничете и никако не покажувајте слабост, иако сте бесни, гневни, исполнети со тага и болка, разочарани....

Мора да бидете силни, зашто секој од нас, длабоко носи некоја скриена сила која не тера да одиме напред во тешките моменти од животот. Вие сте некој кој вреди, заслужува почит, некој кој има сила да се справи со се, па и со оваа ситуација. Во овој момент, тој е збунет, а вашата ладнокрвност и стабилно однесување, ќе му бидат на некој начин привлечни. Тој сигурно очекувал да бидете хистерични, да плачете, викате, навредувате.... што е мотив плус да замине кај другата. Но вашата смиреност и разумност, ќе го потсети на вашата личност, уште пред да ве освои.

Потребно е во овие моменти да предизвикате желба кај него, а не сожалување. Јасно е дека се распаѓате одвнатре, тешко е и ви се плаче, но бидете цврста кога е тој покрај вас. Плачете, фрлајте предмети, правете се што ќе ве ослободи од бесот, но кога ќе бидете сама.

Сега вие сте во предност, па искористете ја ситуацијата за да ги подобрите работите. Сепак, преиспитајте се и себеси. Посвете си повеќе внимание, нова фризура, обнова на гардеробата, почесто излегувајте со пријателките на кафе (што не значи дека треба да најдете некој, за да му вратите, тоа е премногу ниско за вашето достоинство). Дајте и една нова светлина на својата личност, која сигурно ќе ја забележи и тој. Разбудете ја неговата љубомора и не му кажувајте каде сте и со кој сте излезени. Внесете малку интрига во вашата врска, оставете го нека се измачува.

Размислувајте тактички

Бидете студена и ладнокрвна во однос на страста. Во почетокот одбегнувајте ја интимноста со него, колку и да го посакувате, и не му угодувајте постојано. Така сигурно нема да и наштетите на врската, а тој ќе се заинтересира повеќе дали дали сеуште го посакувате како љубовник. Немојте да го прекинете контактот со него. Знете како се вели “далеку од очи- далеку од срце”  Останете во контакт и не му дозволувајте да ве избегнува. Однесувајте се како, кон пријател кој ви погрешил. Никогаш не прашувајте го за другата, зашто таа не е вредна за тоа, зашто едноставно таа не е дел од вашиот живот. Не се покорувајте, само покажете му дека имате доволно сила да се соочите со се, но и дека повеќе нема да толерирате неверства. Домот нека биде удобен и пријатен каде тој ќе се смири од хаосот кој си го создал во неговиот живот. Така ќе му покажете дека всушност, тука е неговото место. Вратете ги спомените од вашиот заедничи живот, моменти исполнети со љубов, страст, смеа... Со зборови, гестови или на некој ваш начин покажете му дека сепак ви е драг.

Внесувајте ведрина во секојдневието. Никогаш повеќе не зборувајте за она што ви се случило. Извлечете поука од целата оваа ситуација и подобрете го односот и комуникацијата меѓу вас.

И на крај,  – др. Лесли Леонели вели: “Ако мажот се потврди надвор од бракот, се опива со нова самодоверба и му расте егото. Тогаш со големо воодушевување и се враќа на сопругата која ја посакува многу повеќе од порано.“

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
4
Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?