|      

Болести во бременоста

Автор: Редакција Рингераја | 4.5.2010
image

Настинка, кашлање и пролив, се не многу опасни болести, но многу трудници се прашуваат дали би можеле да му наштетат на бебето во стомакот, ако се појават во првото тромесечје од бременоста.

Настинка

Настинка по правило не може да му наштети на плодот. Во случај да имате температура над 38.5 треба да посетите доктор и да направите крвна слика. Со тоа може да се открие причината за вашата болест и ќе ви биде препишан лек кој ви одговара.

 Стомачен вирус

И овој вирус нема последици по здравјето на вашето дете. Доколку дијареата и повраќањето траат повеќе од два дена, трудницата треба да посети доктор, посебно ако добие и температура. Губењето на течности може да се надополни со инфузија.

 Херпес на усните

Херпесот не е опасен, освен ако мајката го има непосредно пред самиот термин за породување. Сепак постојат лекови против херпесот кои се дозволени и на трудниците.

 Генитален херпес и вагинални инфекции

Во случај на овие болести трудницата мора да посети гинеколог. И двете болeсти можат да се лекуваат со лекови кои се дозволени за трудници. Ако вагиналната инфекција не се излекува до породувањето, може да се пренесе на новороденчето. Тоа не е опасно, но може да биде непријатно за детето. Многу поопасен е гениталниот херпес кој во некои случаи може да биде опасен дури и по животот на бебето. Доколку жената има акутен генитален херпес за време на породувањето, докторите обично породувањето го прават со царски рез.

 Детски болести

Многу трудници имаат страв од детските болести во бременоста, но за среќа прележаните детски болести и болестите против кои се вакцинирани ја исклучуваат можноста за повторно заболување во бременоста. Ако жените кои сакаат да забременат не се сигурни дали прележале некои од тие болести, најдобро е да направат испитување преку крвта пред забременувањето за да навреме се вакцинираат против нив. Во случај трудницата да не прележала рубеола или сипаница, мора да биде многу внимателна. Доколку на пример, работи во градинка мора да оди на боледување.

 Кога треба трудницата веднаш да посети доктор?

Доколку крвари, има покачена температура, болки, големи проблеми со крвотокот, потечени лимфни жлезди или ненадеен осип.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



  • Снек бар од јатки

    Сиров,лесно калоричен десерт кој заситува доста.Идеален е за ужина на работа или училиште а може да го понесете и на пат. Децата пак,нема да можат да му одолеат

    Повеќе

Анкета

Најубаво машко име
SandraR

<3

На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк