Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Faith Rebecca Langston се роди на 25. март во болницата Royal Shrewsbury во Shropshire.
Нејзините родители Vikki и John Paul Langston велат дека искусиле се', од восхит до очај, откако нивната ќерка се родила предвреме.
“Не ја ни видовме кога се роди, веднаш ја однесоа во специјален инкубатор”, рече г-дин Лангстон.
“Прашавме дали е момче или девојче, кога еден од докторите се сврте и рече – Таа е мал борец. Така дознавме дека имаме девојче. Сето воодушевување и сета среќа за веста дека имаме ќерка беше удавена во солзи и страв – дали нашето бебе ќе преживее“.
Од тој ден г-ѓа Лангстон патува секојдневно за да ја види својата ќерка Faith, во неонаталното одделение, каде таа расте и секој ден е се подобро и подобро.
Г-дин Лангстон, кој е заменик менаџер во супермаркет може да ја види само еднаш неделно бидејќи мора да работи прекувремено за да го одржи семејството во живот.
“Живееме од ден за ден”, изјавува г-дин Лангстон.
Faith имаше четири трансфузии на крв, примаше антибиотици, коагуланти и ибупрофен со кој се обидоа да го намалат отворот во нејзиното срце, а исто така имаше и шум. Faith постепено расте и сега тежи 940 грама.
До просечната тежина на бебе, од 3170 грама, има уште долг пат за одење.
Лекарите им соопштија на родителите на Faith дека ќе можат најрано кон крајот на јули да си ја земат дома.
Семејството секојдневно прима огромна поддршка и желби за добро здравје на Faith од локалните власти, семејството, пријателите и непознати луѓе кои ја прочитале оваа приказна.
“Faith for Faith” е најсловот на нивната страница на Фејсбук преку која секојдневно се обезбедуваат информации за здравјето и сoстојбата на Faith.
И посакуваме добро здравје и по скоро одење дома на малата Faith!
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Прв офталмолошки преглед кај дете – кога и зошто?
Видот е еден од најважните сетила преку кои детето го учи светот. Сепа...
Рацете, први преносители на бактерии
Колку пати во денот ги допирате вратата, телефонот, парите, лицето, та...
Сезонско овошје и како да го искористиме најдобро?
Секое годишно време носи свој богат избор на овошје полно со витамини,...
Генерација Z татковците се поангажирани од кога било
Според нова анкета, татковците од генерацијата Z (родени отприлика пом...
Играта на именување е една од наједноставните, но и најмоќни алатки шт...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?