Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Сега одморот со бебе се промени од корен. Ова мало битие зазеде прво место во се, па и во одморот, а на родителите одморот им е многу потребен.
Па, кога е веќе така, не преостанува ништо друго тука да се обидеме одморот со вашиот принц или принцеза не само да ви го олесниме, туку и да го направиме што попријатен за сите. Ви пренесуваме неколку важни совети.
Сончање
Дали бебе смее да престојува на сонце?
Прво и најважно, е избегнување на директно изложување на сонце. Немојте да ве лажат облаците. Низ нив исто така сончевите зраци пробиваат. Бидете свесни и на рефлексното зрачење. Ни во сенка вашето бебе не е заштитено, бидејќи зраците се рефлектираат од песок, бетон, вода...
Бидејќи кожата на бебето е многу потенка од онаа на возрасните, намалена и е заштитната функција, односно функцијата на лојни и потни жлезди, заштита од студ и механичка отпорност, а зголемена и е пропустливоста. Производството на меланин (пигмент на кожата) уште не е воспоставено, па е намалена заштитата од УВ зрачењето. Затоа е многу важно да се посвети внимание на нега и заштита на детската кожа, посебно на море.
Капење
Дали на бебето му е студена водата?
Телесната топлина кај новороденчиња не може да се регулира во првите шест до 12 месеци, така да со своето бебе не можете да се капете во било која вода. Ако вам водата ви е ладна, тогаш на бебето му е секако ладна.
Колку смее бебето да остане во вода?
Важно е да ги следите реакциите на детето. Ако почне да се тресе и му помодрат усните, крајно време е да го извадите од вода и да го замоткате во пешкир да се згрее. Многу бебиња уживаат во капење во море, но најдолго десет минути.
Дали е потребно бебето да се исплакне по капењето?
По капењето треба да се исплакне морската сол од кожата со слатка вода, а доколку морето е полно со планктони употребете и сапун.
Посебно е важно местото за капење каде одите со бебето да биде чисто, мирно, и во близина да има спасувачи.
Дали бебето смее да се капе во базен?
Ако сте се одлучиле за капење во базен, важат истите правила: задолжително е плакнење после капење, бидејќи водата во базен е хлорирана, па може да ја оштети чуствителната кожа на бебето.
Исхрана
Во голема предност сте што се однесува до исхраната, доколку вашето бебе цица. Понудувајте го со доење почесто, како би се задоволила зголемената потреба за течност. Доколку јаде и цврста храна, внимавајте на свежината на храната и рокот на употреба.
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...
Список на здрави навики пред зачнување
Подготовката за бременост започнува многу пред позитивниот тест. Навик...
Може ли лукот да излечи габична инфекција?
Лукот со векови се користи како природен лек за имунитет, настинки и в...
Домот треба да биде место на удобност и мир, но истовремено и безбеден...
Доење.
пеперутка16
Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?