|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Bebence te cekame: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 29.1.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: Bebence te cekame

Датум на породување: 04.10.2010 година

Тип на породување: царски рез

Болница:

 

 

Отсекогаш сметав дека раѓањето на дете е најсвето нешто. Тоа е спој на две души, две срца, два карактери во едно мало тело - нешто што ќе ве поврзе со личноста што ја сакате за цел живот.
- Две цртички - рече сопругот. Бремена си! После едно долго гушкање, уште не можев да си поверувам дека сум благословена. Ќе имам дете - едноставно беше потребно време додека се навикнав на идејата дека и јас ќе имам дете.
Месеците поминуваа, а мешето растеше и растеше. Еден мал немирко цело време ја буцкаше мамичка ако не му се допаѓаше како седам или спијам. Месеци поминати во разговори, песнички и неизмерна желба да се запознаеме со малиот живот што полека и полека растеше.
Седми месец - имав мала главоболка. Викам да го проверам притисокот, бидејќи ми варира при промена на времето. 135 со 90. Не е многу висок, ама морам да внимавам. Сепак ќе одам во Охрид, во посета на моите родители. Сите се весели. Уште два месеца и ќе го видиме малиот ангел. Притисокот стигнува 150 со 100. Почнува да ме фаќа мала паника. Гинекологот предлага да земам Алдомед (Метилдопа), ама јас сметам дека само ќе се регулира. Не сакам со никакви лекарства да го трујам малечкото тело. 160 со 110. Мајка ми ми вика: Подобро заминете си за Скопје. Со солзи во очите влеговме во колата, а на предното стакло истура дожд. Исто како што солзите ми удираа на образите. Само да е добро - си викам. Само малиот да е добро.
Во ГАК стигнавме околу 20 часот. Притисокот малку се смирил, меѓутоа ми предложија да направам низа испитувања. На нефрологија ми ставија холтер кој не бележеше ништо друго освен висок притисок. Цела недела просечно 150 со 95. - Прееклампсија "ХЕЛЛП синдром". Прв пат слушнав за оваа болест. Не знаев колку може да биде опасна. После испитувањата на трансфузиологија почнав да примам клексан инјекции. Морав поради Д-димерите. Паниката растеше секој ден, исто како и мојот притисок. Само бебето да издржи.
Осми месец - 34 недела. Докторот предложи да ме задржат на патолошка бременост за да набљудуваат како ќе бидам. Очигледно не толку добро штом тоа утро на 04 октомври настана општа паника во ГАК. Брзо апаурин, брзо метилдопа, крвна слика ИТНО ... ми се матат многу гласови во глава. Мора да ја оперираме - слушнав. Ама чекајте, па јас не ни влегов во деветти месец - невино се бранам. Меѓутоа тие болки во грбот од кои претходната вечер не склопив око, тие отоци што не ги собираше нити во најголемите чевли - значеа нешто. Иако испаничена, во едно бев сигурна: ќе го видам моето бебе!
Слушнав слаб плач. Се чудев трудејќи се да лоцирам што е тоа. Тоа е твоето бебе - слушнав, а потоа го видов најубавото нешто. Не знаев како да реагирам. Ни плач, ни смеа. Само да е добро.
Сопругот ме информира дека е добро, ама потребно му е малку кислород со маска. 2160 г со 46 цм, прематурче. Само тоа да е добро. Притисокот е сеуште висок. Отоците големи. Примам милион лекови. Сфаќам дека состојбата не ми е добра. На интензивна нега сум. Тромадоли или какви се лекарства не сум примила. Ама морам да издржам!
Втор ден - малиот е добар, ама мораа да го сместат во инкубатор. Мислев така треба и дека не е страшно. Ама страшно било: колку мојата состојба, толку и на бебето. За несреќа, вториот ден раната ми прокрваре. Три дена пробуваа со подшивање, и на крај решија ревизија - втор царски рез. Мислам дека немав причина да живеам: моето бебе кое сеуште го немав видено беше во инкубатор, мене повторно ќе ме оперираат... Ќе има ли мојата приказна среќен крај?!
Операцијата помина.Измешани чувства!  Денес ќе го видам моето бебе. Во количка сопругот ме однесе пред инкубаторот. Едно малечко човече спие со цревциња во носето. Ми беше жал, но чувствував и среќа што го гледам. Сакав да го допрам, но не смеев. Мораме двајцата да закрепнеме. Прво машина, па шаторче, па дифузен кислород и на крај само инкубаторот и моето бебе во него. Без никакво помагало, бебето почна самостојно да дише.
Закрепнувањето одеше споро, но на крај го дочекавме и тој ден. После месец дена конечно го допрев мојот ангел. Беше убав, силен дечко кој ми ги побуди и најдлабоките чувства. ОВА Е МОЕТО БЕБЕ. За ова вредеше да се борам.

Поминаа 40 дена после породување кога излеговме од болница. Не знаев никој кој толку долго лежел таму. Позади мене ги оставив прееклампсијата, ХЕЛЛП синдромот, ОИНТ... Сега бевме заедно: во нашата соба, во нашето креветче. Се' се заборава. И покрај се што поминавме, остана вербата. А сега не чека еден нов живот во кој веќе почна да доминираа нашиот најмил Бојан.

 

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Бојан !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Абортус - прекинување на бременоста
Под предизвикан абортус се подразбира прекинување на бременоста пред да биде плодот способен за живот надвор од телото н...
6
Може ли бебето да почувствува кога го гала...
Ова е класична поза за бременост: трудница која го гали стомакот, со насмевка на Мона Лиза на лицето
4
Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
4
Кашлица за време на бременост
Ако сте бремени и имате постојана кашлица која произведува секрет, многу е веројатно дека имате вирусна инфекција на гор...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?