vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/571
Од 4 до 6 Мај 2012 година, по четврти пат ќе се одржи веќе традиционалната саемска манифестација „Бебе саем”, во спортскиот центар Борис Трајковски-Скопје.
Бебе саем е проект кој според концептот е уникатен на овие простори. Тоа не е класичен саем, туку претставува тридневно семејно дружење, каде што за секого има по нешто. Родителите можат да добијат многу информации за развојот и грижата за своите најмили, информации за полесно решавање на определени проблеми на кои би можеле да наидат, информации и совети за правилна исхрана и текот на бременоста на трудниците – а најмалите воедно ќе можат на најразлични начини преку многу активности да се забавуваат и да се препуштат на забавата. На овогодинешниот Бебе саем ќе има повеќе присутни изложувачи од различен профил кои на интересен и непосреден начин ќе им се претстават на посетителите. Ќе биде збогатен со повеќе забавни активности, игри, настапи и слично.
Бебе саем е манифестација која задолжително треба да ја посетите и да поминете незаборавни моменти со семејството. Семејството е една возвишена институција на која треба да и се даде приоритет, а секој момент поминат заедно со семејството е исполнет со среќа, радост, љубов и многу насмевки. Сето тоа можете да го доживеете на Бебе саем од 04 до 06 Мај 2012 година.
Програмата на бина може да ја погледнете тука.
И Рингераја.мк ќе биде дел од овогодинешниот Бебе саем и ќе го следи целиот настан преку секојдневни известувања за случувањето на истиот. Се гледаме на Бебе саем од 04 до 06 Мај 2012 година во периодот од 10 до 20 часот, а дотогаш следете ги сите новости поврзани за Бебе саем на Рингераја форумите.
Промоциска објава
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...