AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Компанијата Wyzax Surrogacy Consultancy не е ништо друго туку фабрика за производство на бебиња, во која се дизајнираат деца за богатите двојки, главно од западните земји, меѓу кои и Велика Британија, како да се нарачуваат автомобили.
Овој бизнис за некого претставува кошмар, а за некого футуристичка програма, осмислена за да се направи ефикасна употреба на ресурсите, или оптимизација на генетскиот материјал, со цел да се “произведат здрави и паметни бебиња”.
Според изјавите на компанијата тие го прават тоа за мал број на клиенти – околу 15% кои, заради различни причини не сакаат да добијат бебе со индиско потекло, туку сакаат ембриони произведени од донатори со квалитетен генетски материјал да бидат имплантирани во сурогат мајка од Индија.
Притоа, донаторите не треба да имаат само плава коса и убави, сини очи, туку треба да се интелегентни, атлетски градени и атрактивни.
Оснивачите на компанијата затоа смислиле протокол, кој грубо работи вака: да се изврши прецизен скрининг за генетски болести и да се направи тест за интелегенција на атрактивни млади девојки од земји како Украина, Литванија, Грузија, Ерменија и Белорусија, кои се пријавиле како потенцијални донатори.
Бидејќи човечките јајце клетки не можат да бидат замрзнати и транспортирани, овие донаторки патуваат во САД, во екот на нивниот месечен циклус каде што се вадат нивните јајце клетки и се оплодуваат со сперматозоиди (кои можат да бидат замрзнати од земјата на живеење на донаторот, транспортирани и да се чуваат неодредено време).
Ретко која американска жена е подготвена да биде сурогат мајка, а индиските жени буквално чекаат на ред пред клиниката за сурогат мајки, бидејќи побрзо ќе најдат “работа” тука, отколку на било кое друго место во Индија.
Откако ембрионот е креиран, се замрзнува до -196C, се сместува во мали канистри, а потоа се пренесува на 8.000 милји од САД, во градови како Делхи и Бомбај, каде што се имплантира во жени.
Во очајната потрага за храна на нивните деца, за облека и едукација на семејството, подготвени се да ризикуваат развод со сопругот и најголема заработувачка гледаат во сурогат мајчинството. Тие 4000 фунти, кои ќе ги добијат за 9-те месеци на бременост ќе ги заработат за десет години како слугинки во куќите на богатите.
Исто така во текот на бременоста ќе бидат во можност да не работат ништо, да гледаат телевизија по цел ден, да јадат здрава храна и да примаат одредена доза на витамини.
На крај ќе мораат да ги предадат нивните бели, со сини очиња бебиња, често родени предвреме со царски рез за да се минимизира ризикот од перинатални компликации и разделба по кратка средба, за да се спречи опасност од поврзување со мајката.
Какво е чувството да се носи дете за непознати луѓе, да се предаде на странци и никогаш да не се запознае детето, запрашана е 25 годишната сурогат мајка Pakhi, чиј многу постар сопруг почина неодамна од срцев удар, оставајќи ја да се грижи за нивната петгодишна ќерка во сиромаштија:
“Не им кажав на соседите од селото, само моето потесно семејство знаеше”, вели таа, наведнувајќи ја главата од срам. “Се обидувам да не мислам на бебето кое ќе го дадам. Ако го видам ќе ми биде потешко, но ако не го видам, мислам дека нема”.
Еден од вработените во агенцијата вели: “Ви велам – тие не се поврзуваат емотивно со бебињата. Тие се ментално подготвени, ќе ги добијат своите пари – и тоа е тоа. Глобализацијата почива во сурогат бизнисот!”
Колку и да сочувствуваме со паровите кои во очајната желба за бебе се упатуваат кон клиниката во Делхи, толку ни проаѓаат и морници по телото заради продажбата на ефтино дизајнирани бебиња, изработени од украински јајца и британска сперма, создадени во американска лабораторија и продадени за 4000 фунти.
Извор: Dailymail
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Враќање на работа по породилното отсуство.
Admin
Со какви предизвици се соочувате кога се враќате на работа по породилното отсуство?