|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

Современи погледи на учење на одење
Одење, одење и уште еднаш одење. Тоа го означува моторичкиот развој во првата половина на втората година од животот. За детето одењето е многу забавно, бидејќи го запознава светот од потполно нова перспектива. За родителите е можеби малку напорно, затоа што мораат да ги осигураат местата каде што детето би можело да се повреди. Модерните погледи на одењето на детето многу се разликуваат од оние кои важеле некогаш. Сигурно сте сретнале некоја постара госпоѓа која се чудела што Вашето дете не оди, откако и кажавте колку месеци има. Веројатно ве советувала дека мора да го поставите на нозе, да му ги фатите рацете и да му ги движите нозете на детето. Сигурно додала и дека полесно ќе оди ако му купите потврди чевли.

Ако и Вие помисливте, НЕ ПРАВЕТЕ ГО ТОА. Последиците од пребрзото оптеретување со одење можат да бидат опасни. Децата можат да почнат да одат неправилно, држејќи ги стопалата кон внатре или кон надвор, ако пребрзо го оптеретат долниот дел од телото. Секое дете има свој распоред на развој на движењето. Ќе прооди кога ќе биде спремно за тоа. Во ретки случаи, некои деца проодуваат пред првиот роденден. Повеќето од нив проодуваат до 15. месеци. Децата кои се поактивни и немаат страв, обично проодуваат пред своите врсници кои се помалку активни, попретпазливи и склони кон детално истражување на предметите.

Кога детето проодува?

Околу првиот роденден повеќето деца сеуште не одат самостојно. Сепак, можат да се исправаат на нозе потпирајќи се на намештајот и да одат ако им дадеме помош, или ако се држат за потпора. Кратко време детето може да стои самостојно, без помош и потпора. Но затоа е вистински мајстор во седење и подигнување од лежечка во седечка позиција.. Исто така многу е брзо и во лазење. Може да лази на сите четири, а исто така може да лази и по скали. Задоволство му е да испушта и фрла предмети, да ги гледа како паѓаат на подот и веднаш сака да му ги вратите. Предметот кој го сака го покажува со показалецот.

Набрзо по првиот роденден повеќето деца проодуваат, но во тоа се сеуште несигурни. Одењето им е несигурно, нозете се згрчени во колената, прстите од нозете се завртени кон внатре или кон надвор. Заради рамнотежа ги држи рацете горе и често паѓа.

Временски пресвртници

Ако детето сеуште не оди, тогаш со наполнети тринаесет месеци стои без помош и одржува рамнотежа. Со четиринаесет месеци се наведнува, зема играчка и ја носи на друго место. На петнаесет месеци со сите четири се качува по скали. Додека оди сака да влечи или турка играчки. Најмногу ги сака играчките на колца кои за време на движењето произведуваат звуци, светат или некои делови им се движат. Со шеснаесет месеци се обидува да ја удри топката, но не му успева, бидејќи често се случува да застане на неа. Знае да оди наназад. Со година и пол детето може исправено да се качува по скали, ако во тоа му помогнеме. Успева, со напор, да седне на ниска столица. При одење поретко губи рамнотежа. Оди се побрзо и прави се поголеми чекори. Рацете му се покрај телото и се движат спротивно од нозете. Овој период е еден од најтешките за родителите, бидејќи мораат нон-стоп да внимаваат на детето. Во негова близина не смее да има кршливи и нестабилни предмети, предмети со кои детето може да се задуши, или предмети кои на било кој начин се опасни по него. Исто така во негова близина не треба да има предмети кои може да ги расипе. Овој период на бесконечно истражување кој е во полн ек ќе заврши, но до тогаш мора да бидете претпазливи.

Поттикнување на детскиот развој

Од првата социјална насмевка помина скоро една година. Сега детето се запознава со своите врсници. Некои деца не реагираат на присуството на други деца и тоа го нарекуваме социјално слепо однесување. Не ги интересира присуството на другото дете, поинтересни му се играчките и останатите предмети. Други деца, на присуството на врсници, реагираат со имитирање или задевање, а некои деца се однесуваат заштитнички. При крај на првата година детето почнува да учествува во дружењето, но ограничено е на едно или две деца. Врската помеѓу децата претставува начин да се дојде до играчка.

Мал истражувач

Во овој период главна занимација на детето е љубопитност и истражување. Посебно му е интересно се што е забрането. Ќе му направите услуга ако помалку работи му ограничувате. И тоа ги правите тогаш кога со својата активност може да се повреди себе, или да ве повреди Вас. Наместо стално да повторувате НЕ, подобро е да ги тргнете сите опасни предмети, за детското истражување да биде опуштено и пријатно. Малите истражувачи ги користат родителите како сигурна база околу која кружат додека истражуваат и во која секогаш се враќаат по охрабрувачки и смирувачки допир. Оддалеченоста од родителите, по која се движат е различна. Во позната, домашна околина храбрите деца можат да излезат од видното поле на родителите, додека во нова околина да не се одвојуваат од родителите.

Самостојност

Децата стануваат напорни затоа што сакаат да прават се како што замислиле и многу пати на свој начин, а не онака како што се очекува од нив. Сами избираат на кој начин ќе играат. Го одредуваат текот и правилата на игра и тогаш многу малку зависат од родителите. Љубопитноста го тера детето да го открива светот околу себе. Сакаат одговори на сложени прашања, иако притоа не знае ни за поединостите. Потрудете се да не лажете, подобро признајте му дека не го знаете одговорот. Вашите коментари и односот кон прашањата се многу важни. Ако детето го слушате како важен соговорник Вашето влијание на неговата самосвест е појако отколку самиот одговор. Ако го поддржувате во неговото размислување и однесување, неговата самостојност ќе се развие многу побрзо отколку ако го ограничувате, или претерано му ја наметнувате својата волја без разлика на неговите желби и потреби. Со одобрување и поттикнување, детето ја зајакнува самосвеста и учи да се почитува себе си.

Страв од непозната околина

Може да се случи детето кое до неодамна уживаше во самостојно одење, да не сака повеќе да се обидува во тоа. Почнува да се плаши од надворешниот свет, т.е од се што не е негова домашна околина. Ако не успее да дојде во Вашата прегратка, не се чувствува доволно сигурно да истражува самостојно. Што да се прави во ваква ситуација? Посматрајте колку е способно да се оддалечи од вас без паника и кога повторно ќе се врати во Ваша близина. По некое време, раздалеченоста ќе се зголемува и тоа ќе значи голем чекор кон самостојноста.

Некои деца стојат до мајката, но само до моментот кога сакаат нешто да истражуваат. Тогаш ги обзема паника и сакаат да ги кренете, бидејќи сакаат со Ваша помош да истражуваат. Вашето присуство му е потребно на детето, затоа што Вие сте единствен посредник меѓу него и останатиот свет кој го опкружува. Дете кое се плаши треба да се смири со зборови и милозвучен глас.

Социјализација

Осамостојувањето на детето, кое е во друштво на други деца со различна возраст и врсници, многу е интересно. Детето веројатно ќе сака да ги посматра другите деца додека Вие го држите во раце, но всушност многу го интересира со што си играат. Сака да им се придружи во играта или да ги види нивните играчки. Покажете му како да биде друштвено. Разменете неколку пристојни реченици со мајките и децата, бидејќи Вашето малечко така ќе ги научи социјалните вештини на најефикасен начин, со посматрање и имитирање.

Немојте да се грижите ако Вашето дете не е толку самостојно како неговите врсници. Иако можеби подоцна ќе стане самостојно, тоа ни оддалеку не значи дека цел живот ќе остане самотно, или претерано поврзано со Вас. Многу воздржани деца израснуваат во деца кои уживаат во дружењето.

Емоционален развој

Емоциите се развиваат со тек на време, со учење, имитирање и условно учење. Детето ги посматра родителите, браќата и сестрите, бабата и дедото, врсниците, цртаните или книжевните ликови...Тоа посматра како тие реагираат во одредени ситуации и нивното однесување го презема како свое. Во слични ситуации и самото ќе доживува слични чувства. Неговите чувства се интензивни, иако наизглед се површински.

Радост, приврзаност, љубомора и гордост

Интензивна приврзаност и љубов спрема родителите почнува да се развива отприлика со наполнети десет месеци. Вистинска радост ќе почувствувате кога детето ќе наполни година и пол, иако чувство на општо задоволство може да се забележи и кај двомесечно бебе.

Радоста, приврзаноста и љубовта кон родителите се, со оглед на начинот на изразување, понекогаш неделиви чувства и тешко се разликуваат кај децата. Љубомората се развива со наполнете четиринаесет месеци и останува присутна до половината на третата година. Тоа е сложено чувство составено од елементи на лутина, страв и наклоност.

Гордоста е чувство кое преовладува во втората година и се јавува при пофалби кои детето ги добива од околината. Кај деца кои живеат во социјално и емотивно нелагодни околности, околу петнаесеттиот месец може да се развие депресија, до која доаѓа заради жал и тага. На депресија најподложни се децата кои се само во болница, кои имаат ограничен контакт со родителите и за кои се грижи некој друг.

Лутина

Во овој период многу се чести негативните чувства и лутината. Тие се појавуваат кога ги прекинуваме активностите на детето (играње, истражување на шкафовите, копање во саксијата за цвеќе и сл...), или кога не ги исполнуваме неговите желби. Како и останатите чувства и лутината е честа и краткотрајна, детето ја изразува повеќе со телото (со гестикулации), отколку вербално. Цупкање во место, мавтање со раце, туркање, викање, оттргнување и плачење се секојдневни сцени. Детето мора да научи да ги контролира ваквите испади, затоа мирно објаснете му зошто сте ја прекинале неговата активност и зошто не смее да се возбудува. Вакво однесување понекогаш може да забележиме и кај адолесцент, нпр потскокнување од лутина.

Стравови на детето

Наспроти се поголемата самосвест, детето може да има различни стравови од една или повеќе работи. Во оваа возраст децата, пред се, се плашат од конкретни работи: бучава, животни, гласни куќни апарати, одење на родителите на работа, чистење на ушите и уште многу работи кои на родителите им се чинат бесмислени. Детските стравови треба да ги прифатите и почитувате, бидејќи тие за детето се реални. Стравот се зголемува ако детето повеќе пати се соочи со него, а полесно ќе го заборави ако има помалку искуство со него. Заради тоа методите “види, не е ништо страшно”, додека детето плаче, се потполно безуспешни. Детето нема да престане да се плаши ако го соочувате со стравот.

Први зборови

До 18 месеци децата користат од пет до дваесет зборови, а разбираат многу повеќе. Комуникацијата сеуште е невербална. Кај здраво дете говорот се развива спонтано, истовремено со емоционалниот и моторичкиот развој, ако живее во околина во која добива доволно поттик и разбирање. Научниците и педијатрите немаат усогласено мислење кога може да се очекуваат првите зборови кај детето и кога е време за загриженост ако детето сеуште не зборува. Првиот збор на детето очекувајте го од 7. до 15. месеци, во ретки случаи нешто подоцна. очекувајте околу 50 зборови меѓу 18. и 30. месеци и комбинации на зборови меѓу 16. и 30. месеци. Првите зборови, кои имаат смисла, се јавуваат после првата година, па се до 18. месец. Комбинација на два збора најчесто се јавува во 14. месец. Говорот е важно средство за воспоставување на социјални контакти и развој на мислење. Понекогаш за првите бебешки гласови погрешно мислиме дека се вистински зборови, нпр кога детето брбори “ма-ма” или “па-па”.

Мора да нагласиме дека во развојот на говор не смеете да го споредувате со другите деца. Секое дете е посебно и има сопствен пат на развиток.

Радост заради говорот

Детскиот говор најдобро ќе го разберете Вие и тоа покажете му го со задоволство. Така ќе го поттикнете детскиот интерес за вербална комуникација. Што почесто исправајте ги неговите, со вистински зборови, но не го присилувајте детето да ги повторува. Тоа за него е напорно и пред се, досадно. Посебно внимавајте својот говор да го прилагодите на степенот на развој на детето. Со него разговарајте јасно и разбирливо. Вашите зборови нека бидат кратки и едноставни, за детето да може да ве разбере, иако не зборува. Што повеќе го слуша Вашиот говор, толку повеќе ќе добива информации за говорното изразување. Ако сакате да придонесете во побрз развој на говор кај Вашето дете, разговарајте многу со него и слушајте го со љубов и интересирање. Што повеќе и што почесто разговарајте одблиску со детето. Исто така со него разговарајте со доверба, во четири очи. За детето, неговото име е еден од најважните зборови. Што почесто употребувајте го! Детето сеуште за себе не размислува како за самостојна личност, заради тоа секогаш изговарајте го неговото име кога зборувате за неговите работи, за да стане свесно за себе.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Во градинка или кај баба?
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?