Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Промени во социјалното однесување
Кај седумгодишните деца лесно се забележуваат промени во социјалното однесување. Се зголемува способноста за емпатија, склопувањето нови пријателства, давање помош, интерес за дружење со врсниците, но и натпреварување. Се намалува зависноста и поврзаноста со родителите (папочната врвца, во симболичка смисла, со мајката се прекинува) се зголемува поврзаноста со врсниците, иако е најочигледна во периодот на адолесценција.
Пријател – иако немаш многу играчки
За децата до шест години беше значајно нивните пријатели да бидат во нивна географска близина, бидејќи во тој период детето е многу егоцентрично и пријателите ги цени на тој начин. Ако детето профитирало од пријателството, дури тогаш ќе го прифати пријателот. Сржта на егоцентризмот е во тоа што детето верува дека луѓето околу него го разбираат светот на ист начин како него и заради тоа ги проектира сите свои емоционални потреби без препреки.
Кога детето ќе ја надмине егоцентричноста, значајна фаза која следува (6-9 години) е субјективното гледање на другите и диференцијација на улогите. Тоа значи дека детето станува свесно за новите личности во животот и подрачјето на пријателство станува и емотивно. Детето исто така почнува да ги разбира емоциите на другите и сфаќа дека две личности можат да имаат различни погледи на иста работа – па може да се постави само во една улога (центризам)
Детето, некаде до раниот пубертет ( 9, 10 години) бара пријателства кои често ги заменува со познанства. Седумгодишните деца одбираат пријатели според различни мерила, во зависност од тоа што им се допаѓа, или што ги одбива од некого (нпр, овој е љубезен, секогаш помага, оној е лошо расположен, ги навредува останатите деца, тужибаба е и сл.). Подоцна пријателствата се резултат на различни интереси (се дружат деца кои сакаат да си играат со топка, девојчиња кои собираат салфетки, маркички, налепници и сл.)
Во периодот меѓу 6. и 7. година главни игри им се игрите со правила. Тоа се криенка-миженка, не лути се човеку, домино и слично. Значењето на игрите со правила е децата да ги препознаат, прифатат и да се подредат на однапред договорени и прифатени правила. Оваа врста на игри се појавува од третата година па натаму, но најдоминантна е во овој период. Децата низ игра се учат дека правилата треба да се почитуваат.
Разлика меѓу половите
Во овој период децата имаат обликувано сфаќање за сопствениот пол (анатомски разлики меѓу половите и половите органи) и јасна претстава за стереотипното однесување за одреден пол. Момчињата го оценуваат позитивно однесувањето кое е стереотипно и полесно го прифаќаат. Кај девојчињата женското однесување сеуште нема никаква вредност. Заради тоа е разбирливо момчињата повеќе да играат со момчиња во тој период.
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 6 години
Следен период: Возраст 8 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...
Двојна метода за следење на овулација
Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните ден...
Што да избегнувате при избивање заби кај бебе?
Избивањето на забите е нормална, но често непријатна фаза кај бебињата...
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...