Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Важна е редовната исхрана
Непримерениот избор на прехранбени продукти и нередовната исхрана можат да предизвикаат намалена отпорност на организмот. Добрата мешовита исхрана содржи месо, јајца, риба, сирење, млеко, свежо овошје и зеленчук. Комбинацијата од тие продукти е важна за здравјето бидејќи содржи многу нутритиенти кои се потребни за правилен раст и развој.
Најважниот оброк е појадокот. Овој оброк е многу важен за децата кои одат на училиште бидејќи ги подобрува когнитивните функции, па заради тоа децата во тоа време подобро и побрзо учат. Претпладневната ужина е дополнување на појадокот и меѓу оброк меѓу појадокот и ручекот. Добро е да содржи овошје и зеленчук. Среден дневен оброк е ручекот кој треба да содржи продукти од сите области. Попладневната ужина ги зголемува психичките и физичките способности на детето. Препорачуваме овошје или зеленчук, млеко, млечни производи, ореви, суво овошје или житарици во вид на цело зрно. Децата треба да пијат и доволно течности. Најдобра е водата, а пиењето на овошни сокови, посебно газирани, нека биде ограничено. Ако детето пие такви пијалаци, нека ги пие веднаш по оброкот, а не меѓу поединечните оброци.
Исхрана во училиште
Исхраната во училиштата и градинките би требало да ги осигура условите за детскиот нормален физички и душевен развој. Освен што треба да се хранат квалитетно, децата треба да изградат и правилен однос кон храната и да се запознаат со прехранбеното воспитување. Нездравите навики при хранење можат да предизвикаат децата да се чувствуваат лошо и да имаат пониска работна способност. Непримерениот избор на прехранбени продукти и нередовната исхрана можат да ја намалат отпорноста на организмот.
Колку колачиња се доволни?
Добра, мешовита исхрана содржи месо, риба, јајце, сирење, млеко, свежо овошје и зеленчук. Каде е местото на колачињата? Сосема на дното на пирамидата на исхрана – дневната количина на шеќер не би смеела да биде поголема од 10% од дневната потреба за енергија. Шеќерот е штетен заради многу причини. Дел е од таканаречената неправилна исхрана, заради тоа што колачињата имаат голема калориска, а ниска хранлива вредност.
Детето може да стане дебело што ќе биде причина за исмевање од страна на врсниците, па последично и за емоционални проблеми.
Уште една причина е столицата. децата кои консумираат поголема количина на колачиња, имаат проблеми со столицата, односно запек. Освен тоа шеќерот е штетен и за забите. Најлошо е детето стално да лиже шеќерчиња, или лижалки, затоа што на тој начин забите се постојано изложени на шеќер. Многу помалку е штетно ако веднаш по изеденото чоколадо детето ги измие забите.
Навикнете ги децата на природни слатки работи: суво овошје, овошни салати, а најголем пример притоа сте им Вие.
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 6 години
Следен период: Возраст 8 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Огледалото – важна играчка за бебињата
Малото огледало е повеќе од обична играчка за бебињата. Тоа е еден од ...
Калциум и витаминот D за бремени жени
Бременоста е период кога телото на жената не само што создава нов живо...
Кардио vs. тежински тренинг за слабеење
Кога станува збор за слабеење, една од најчестите дилеми е: дали е по...
Зошто е важна редовната хигиена во домот?
Домот е многу повеќе од четири ѕида. Тој е наше засолниште, место за о...
Здравствени придобивки од јадење овошје
Овошјето е едно од најприродните и највкусните извори на витамини, мин...