|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Детето и спортот

На детето, без оглед на возраста, потребно му е секојдневно движење – уште откако беше доенче. Заради тоа е идеално ако децата секојдневно по еден час, се бават со некаква спортска активност. Некои деца, во основното училиште, не совладуваат доволно трчање, фрлање, скокање, лазење, одење на сите четири....тоа значи дека во претшколската возраст помалку се движеле, односно немале можност да бидат активни под стручен надзор. Ако децата помалку се движат имаат поголем ризик од заболување од разни болести. Редовната активност на движење е важен развоен поттик бидејќи е корисна за јакнење и зачувување на здравјето како и за обликување на навики кои гарантираат здрав живот.

Моторички развој

Седумгодишните деца правилно трчаат и можат да издржат во трчање на поголеми патеки.

Децата се многу вешти и во гимнастика. Со леснотија прават колут напред , се обидуваат да стојат на раце и на глава, а некои во тоа се многу вешти. Повеќе немаат проблеми со рамнотежата и заради тоа лесно одат на повисоки справи (греда)

Важна е победата, но и поразот

Со што ќе се занимава детето зависи од Вашите амбиции, желби, знаења и познавања на спортот, финансиската состојба на семејството, а и од тоа како на детето ќе му го презентирате одреден спорт. Ако детето има склоност кон одреден спорт и го засака, веројатно ќе биде успешно во него. Ако се занимава со спортот заради родителите, или заради мода, веројатно ќе го напушти спортот при првата можност (обично во пубертет)

Децата сакаат да се натпреваруваат и тоа треба да им го овозможиме. Притоа треба да бидеме многу добри воспитувачи и да ги поттикнуваме децата да ги почитуваат правилата. Треба да им овозможиме да доживеат победа и пораз. Ако детето секогаш победува станува важно, не знае да ја дели радоста и ги омаловажува другите. Од друга страна, ако детето секогаш губи, ќе ја изгуби и желбата за спорт. Тоа треба да го знае секој воспитувач и учител и да се погрижи на сите да им биде добро.

Голема мотивација за детето е Вашата пофалба на неговиот труд, но и надареноста. Детето кое ќе биде пофалено за трудот со радост ќе оди до саканата цел.

Совладување на топката

Во овој период децата знаат да додаваат топка и на потешки начини (меѓу нозе, преку глава). Ја фрлаат со една рака на раздалеченост од 3м. Фрлаат нагоре со подобрата и послаба рака, топката ја фрлаат во воздух па ја фаќаат со прсти и знаат да фатат топка која се одбива од ѕид или од земја.

Пливање и скијање

Многу деца веќе пливаат, а најмногу од нив ќе научат пливање меѓу 5. и 7. година. Целта на родителите не смее да биде само детето да проплива, туку треба да го научат и на правилните техники на пливање. Децата веќе скокаат во вода и нуркаат.

Во зима весело се санкаат на долги патеки, учат трчање на скии и алпско скијање. Возат спуст и скокаат од скокалница. Денес периодот за учење на скијањето е симнат во периодот од 3. до 4. година, па затоа можеме да видиме помали деца.

Седумгодишниците имаат совладано возење на точак, ролери и лизгање. Некои стручњаци предупредуваат дека децата се и премногу на ролери. Одењето е правилно движење и е препорачливо заради правилен развој на стапалата.

Штафетни игри

Седумгодишните деца можат да играат штафетни игри, бидејќи почнуваат да разбираат да се натпреваруваат како екипа, а не како поединец. Штафетните игри обично се играат во градинките, но нив тоа сеуште не им е разбирливо бидејќи не ја сфаќаат смислата на играта – да се натпреварува екипа, а не поединец.

Фудбал

Децата добро и правилно трчаат, држат рамнотежа на една нога за да можат да ја удрат топката. Тоа е групна игра која ја поттикнува социјализацијата, а истовремено и воспитува. Спортските игри и спортот се силно воспитно средство. Ако не ги воспитуваме децата по пат на спортски игри многу пропуштаме и подоцна ќе ни биде потешко да ги воспитаме во фер играчи.

Елементарни игри

Девојчињата во тој период лесно прескокнуваат јаже. Препорачливо е со прескокнување на јаже да се почне во предучилишната возраст, бидејќи на тој начин развиваат чувство на брза реакција и истовремено го победуваат стравот.

Момчињата и девојчињата во тој период играат различни елементарни игри. Својата сила ја испробуваат со влечење на јаже, туркање во парови, висење на пречка при што замавнуваат со нозете за да се занишаат.

Прочитајте уште

Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?