Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Родителите се пример за здрав живот
Здравите навики треба да се вклучат во семејствата природно и опуштено – како нешто пријатно, поттикнувачки предизвик и составен дел на животот. Во навиките за здрав живот треба да бидат вклучени сите членови на семејството.
Грижата за здравјето е дел од семејниот живот: освен здрава исхрана, непушење и неконсумирање алкохол, важно е и редовното движење. Потребно е да се воспостави баланс меѓу работата, градинката, училиштето, обврските и одговорностите од една страна и опуштањето, слободата и забавата од друга страна. И во опуштена атмосфера, родителите треба да им служат како пример на децата. Децата многу сакаат да трчаат, заради тоа попладнето искористете го за трчање или игра со топка. Движењето на свеж воздух ќе му помогне на детето да го урамнотежи апетитот, ќе ги потроши непотребните калории и енергија и ќе се ослободи од напнатоста.
Првите стални заби
На детето меѓу петтата и шестата година му никнуваат првите стални катници, шестки. Растат зад млечните катници, уште пред да испадне првиот млечен заб.. Родителите мислат дека тоа е уште еден млечен заб, па заради тоа помалку обрнуваат внимание на неговата хигиена. Кога шестката ќе израсне во средина во која има многу расипани млечни заби, голема е веројатноста дека ќе се расипе. Носете го детето на преглед кај стоматолог на секои шест месеци, иако Ви се чини дека се е во ред. Стоматологот може да дејствува превентивно: пломбирање на забите и премачкување со флуор, со што ќе се намали можноста за развивање на кариес. Кога меѓу зрелите млечни заби нема растојание, па забите се тесно еден до друг во вилицата можеме да бидеме 80% сигурни дека ќе биде тесен распоредот на сталните заби, бидејќи се пошироки. Спротивно од тоа, кога има поголемо растојание меѓу забите можеме да очекуваме ортодонтско поместување на сталните заби и правилен распоред.
Повеќето ортодонтски терапии почнуваат кога се менуваат забите, кога млечните заби се заменуваат со стални. Децата со поголеми ортодонтски аномалии се подложени на терапија и порано. Тоа се деца со вродени синдроми и оштетување на ткивото на усната празнина, расцепување на горната усна (зајачка уста), повреди, едностран загриз, отворен загриз заради лоши навики (цицање на палец или цуцла) и поголеми аномалии меѓу вилиците. Зајачката уста може да се појави во облик на расцепена уста, непца, или комбиниран облик. Децата со зајачка уста се вклучени во опсежно полиспецијалистичко лечење, практично од раѓање па натаму.
Страв од лекар
Некои деца се плашат од доктори. Веројатно им останало во сеќавање некое непријатно искуство. Можеби тоа не е поврзано лично со докторот, туку со некоја несреќа после која детето морало да посети лекар, или со болест од која се чувствувало лошо.
Припремете го детето за посетата кај лекарот. Објаснете му како ќе изгледа прегледот и што ќе прави лекарот. Не заборавајте да му кажете дека кај лекарот одите за да му биде подобро. Прочитајте му некоја сликовница за лекарите. Можеби ќе му го намалите стравот ако играте игра во која Вие, или тоа сте лекари. Детето нека ги прегледа своите “болни” играчки. На тој начин ќе утврдите од што се плаши детето. Ако детето сеуште се плаши, разговарајте со неговиот педијатар.
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст 4 години
Следен период: Возраст 6 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?