|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Си играме

Игра на улоги
Во овој период преовладуваат игри на улоги. Децата си играат лекари, мајки, татковци, имитираат животни или ликови од фантазијата. Инспирација им се цртаните филмови и книгите. Низ тие игри може да преживуваат работи кои во реалноста не се можни. најсреќни ќе бидат ако ги повикате да бидат Ваш мачор, тигар, кралица или принц, па и Вие со нив ќе се препуштите во светот на фантазијата.

Игри со правила

Децата ги сфаќаат правилата на одредени игри и се придржуваат кон нив. Тоа се на пример игрите криенка-миженка, чие што е ова, што сакаш да јадеш, не лути се човеку и спортските игри. Главната цел на тие игри е детето да научи да ги препознава и прифати однапред договорените правила.

За активни семејства

Петгодишното дете може во рамките на спортските друштва и другите организирани работилници, да се запознае со различни спортови. Така ќе открие што му одговара и со кои активности би се бавело во иднина. Препорачливи се курсеви по пливање со конечна цел детето да научи да плива. Во зима е убаво детето да се запознае со скијањето. Можете да го запишете на еднодневен курс кој се одржува во викенд или на повеќедневни курсеви кои се одржуваат 4-5 дена, по 2-3 часа дневно. Искористете го обликот кој најмногу му одговара на Вашето дете.

Пролетта е идеален период за возење ролери, а во лето може да се запише во некоја летна програма каде децата пливаат и се забавуваат со спортски и креативни работилници. Уживаат од утро до пладне и учат низ дружење и забава.

На прашањето што можат на спортско подрачје да прават заедно мајката, таткото и детето одговорот е едноставен: се’ што детето научило во разнообразните програми. Тоа што детето го научило на тој начин може со гордост да го покаже.

Примерни спортски активности

Децата кои се стално во движење преку вклучување во разнообразни програми поблиску ги запознаваат спортовите, а истовремено се забавуваат, учат и ги развиваат моторичките способности, упорноста, а пред се го трошат вишокот на енергија.

Пролетта е идеален период за возење ролери, а во лето може да се запише во некоја летна програма каде децата пливаат и се забавуваат со спортски и креативни работилници. Уживаат од утро до пладне и учат низ дружење и забава.

На прашањето што можат на спортско подрачје да прават заедно мајката, таткото и детето одговорот е едноставен: се’ што детето научило во разнообразните програми. Тоа што детето го научило на тој начин може со гордост да го покаже.

Екологија низ игра

Ако одгледуваме дете кое се грижи за својата околина, природата ќе ни биде благодарна. Со еколошко воспитување е најдобро да се започне во најраните години. Се што треба да направите е да бидете снаодливи. Собирајте хартија која не е правилно отпечатена за Вашето дете да може да црта на задната страна. Собирајте ја амбалажата од снегулки, чаеви, тестенини. Внатрешноста на тие кутии е убава за цртање со прсти бидејќи бојата се впива во картонот и не се размачкува.

Можете да заштедите и енергија. Не бидете само Вие тие кои предупредуваат да се гасни светлото. Истото нека го направи и Вашето дете ако забележи дека сте заборавиле. Многу интересно ќе биде ако, кон крајот на неделата поминете ден без струја (само во лето). Изгаснете го телевизорот, радиото, компјутерот. Припремете скара во дворот. За забава играјте карти или заедно запејте.

Исто така со неколку родители од соседството подгответе акција за чистење на улицата. Не ги оставајте децата сами да собираат отпадоци, туку собирајте ги Вие, а тие нека ги пронајдат. Подучете ги за разградувањето на отпадоците.

Прочитајте уште

Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?