|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Возраст на вашето дете: 4 години


Мамичке, како излегов од стомакот?

Во овој период Вашето дете ќе го интересира од каде дошло, како се нашло во мајчиниот стомак и како излегло од него. Детската љубопитност е се поголема, стално поставува прашања од каде доаѓаат децата. На малото дете му треба прецизно и правилно објаснување, кое треба да му го дадете со мирен тон. Можете да користите книги, но важно е детето да ги гледа во Ваше присуство. Немојте да го оставите само бидејќи нема да ја разбере содржината и ќе биде уште повеќе збунето.


Развој на детето: Моето малечко


Во петтата година од животот (меѓу наполнети четири и пет години) детето добива 2 кг. на тежина и ќе порасне за 6 cm. Детето е послабо, затоа што масните наслаги се заменуваат со мускули.


Развој на детето: Развојни фази


 Секогаш во движење
Децата со четири и пет години се секогаш во движење. Неуморно трчаат наоколу. Физичката активност е многу важна за детскиот интелект. Детето си поставува нови предизвици и ја испитува својата моќ. Знае дека може да трча, но сака да провери дали е побрзо од своите врсници. Знае дека може да се искачи на дрво, но сака да провери дали може да се искачи баш на тоа дрво. Знае дека неговото тело има сила, знае дека може да помести тешки предмети, ако на нив се потпре со рамената, или ако легне на подот и ги турка со нозете. И при паѓање станува повешто, знае да ја заштити главата, стомакот и интимните делови од телото. Децата обожаваат фудбал, кошарка и останати игри со топка, играње, качување, скокање, возење точак (без помошни тркала). Нивната желба за движење искористете ја за чести прошетки во природа, а во зима запишете ги на некакви вежби за деца.

>> Повеќе


Развој на детето: Спиење


Спиењето го јакне имунитетот
На четиригодишно дете потребни му се 11-12 часа ноќно спиење, а на повеќето им е потребен едночасовен одмор во текот на денот.

>> Повеќе


Развој на детето: Здравје и нега


На четиригодишна возраст на детето повторно ќе му биде закажан систематски преглед. Ќе се сретнете со педијатар кој ќе го прегледа детето и ќе го оцени неговиот развој и по потреба ќе Ве советува и ќе одговори на Вашите прашања. На крајот на прегледот детето ќе прими втора ревакцина против дифтерија, тетанус и пертусис и детска парализа. Во Македонија е задолжителна вакцинацијата против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица), детска парализа, хемофилус инфлуенце тип Б, потоа вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, како и вакцинација против жолтица тип Б и туберкулоза. Погледнете го Календарот за вакцинација на Рингераја.

>> Повеќе


Развој на детето: Исхрана


Колку колачиња се доволни?
Добра, мешовита исхрана содржи месо, риба, јајце, сирење, млеко, свежо овошје и зеленчук. Каде е местото на колачињата? Сосема на дното на пирамидата на исхрана – дневната количина на шеќер не би смеела да биде поголема од 10% од дневната потреба за енергија. Шеќерот е штетен заради многу причини. Дел е од таканаречената неправилна исхрана, заради тоа што колачињата имаат голема калориска, а ниска хранлива вредност.

>> Повеќе


Развој на детето: Си играме


Предлози за играње
Ако константно купувате нови играчки, на добар пат сте да банкротирате. Ќе Ви стане јасно дека играчките брзо им стануваат досадни на децата. Можеби е време за поттикнување на Вашата и фантазијата на детето. На тепихот во дневната соба можете да ги расфрлате коцките со кои детето веќе долго не играло и размислете што се можете да направите од нив. Може да се направи многу повеќе од еден обичен столб кој секогаш го градите. И плишаните животни може да станат пациенти ако детето стане лекар.

>> Повеќе


Развој на детето: Добро е да се знае


Развод на родителите
За детето разводот на родителите (освен смртта) е најтрагичниот настан во цел живот, затоа што целокупниот живот се променува. Разводот не е еднократен проблем, туку проблем кој трае и трае. Почнува со кавги и негативно расположение дома, продолжува со развод, можни кавги меѓу родителите и после разводот, често и конфликти околу старателството. Да не ја споменуваме и преселбата која следи по разводот и подоцнежното прилагодување на новите брачни партнери, полубраќа и полусестри...Во секој случај разводот е процес при кој тагата е измешана со лутина и страв.

>> Повеќе


Дали сте знаеле?


Седиштата за во автомобил се потребни заради сигурност на децата. При судар на возило, кое се движи со брзина од 50 km/h, тежината на потисок се зголемува за 30 пати. Тоа значи дека мајка која има 50 kg. и која не врзана со сигурносен појас држи дете во прегратка на предното седиште, при судар го притиска детето со тежина приближна на еден и пол тон.

Слична содржина


Претходен период: Возраст 3 години
Следен период: Возраст 5 години



Слични артикли: