|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

Моторички развој
Во моторичкиот развој и во развојот на другите вештини, детето напредува најбрзо. Многу родители кои имаат петгодишно дете, веројатно и не ги знаат неговите можности во потполност. Освен секојдневните навики, пресоблекување, миење, повеќето деца самостојно совладале и некои спортски вештини како пливање, возење ролери, скијање... Во суштина не постои основен спорт кој петгодишно дете не би можело да го научи. Се разбира, тука говориме за основите на спортските вештини кои се базирани на игра и пријатно дружење. Важно е родителите да ги научат децата за светот кој ги опкружува, за неговите закони, правила, навики и обичаи. Со напредувањето во моторичкиот развој се зголемува и детската способност за мислење и заради тоа детето е способно да прави комплексни реченици.

Детската креативност

Децата имаат доста развиена фантазија и сакаат да творат. Училишниот систем ја поттикнува свеста за еднаквост и прилагодување, а потоа и за учење. Го нагласува размислувањето кое води до решавање на проблемите. Научете го Вашето дете да размислува поинаку и поттикнете го со прашања кои имаат повеќе можни решенија, а каде нема точни и неточни одговори. Размислувањето кое води само до едно решение е причина повеќето деца кои размислувале отворено, во училиште да станат помалку креативни отколку што биле.

Освен генетските предиспозиции, на детската креативност влијае и средината во која живее. Ако сакате да ја поттикнете и охрабрите неговата креативност треба да му овозможите сигурна околина во која ќе може да се изразува. Треба да му верувате и да го поттикнувате во неговите креативни активности. Можете да му се придружите во читање на приказни, заедно гледајте ги илустрациите и именувајте ги ликовите. Поттикнете го развојот на неговата фантазија со измислување на приказни, песнички, рими и решавање гатанки. Поттикнете го да најде повеќе решенија за еден проблем и да ги прифати различностите. Верувајте во неговите способности. Креативноста е пожелна, но важно е да знае да размислува конвергентно. Детето само треба да ја пронајде вистинската комбинација.

Меѓу пријатели

Социјалните контакти се појаки, детето е способно да организира заеднички игри. Конфликтите кои се појавуваат во текот на играта се обидува да ги реши без помош на возрасните. Во овој период дружењето со врсници станува многу важно и влијае на неговото однесување. Групите се составени од двата пола и најчесто главни на групата се девојчињата. Водачи се најчесто најинтелигентните и физички најјаките деца.

Стварност и нестварност

Детето во шестата година од животот знае да прави разлика меѓу стварност и нестварност. Подобро ги разбира маските за маскенбал и значењето на маскирањето.

Стравот има големи очи

Стравот е важен механизам кој не штити од опасности. Стравот е предизвикан од непозната ситуација, но важна улога во овој период игра и фантазијата. Детето најмногу се плаши од одвојување од родителите, од “лоши” луѓе и самотија. Кога Ве нема, детето се плаши дека нема да се вратите и дека ќе остане само. Иако имате чувство дека треба нешто да преземете бидејќи Ви е тешко кога е детето тажно, важно е да го научите дека повремено ќе биде само. Секако, треба да знае дека секогаш ќе се вратите. Кога одите некаде, објаснете му каде одите и кога се враќате. Не се обидувајте да му го одвлечете вниманието, така да не забележи дека одите. Со тоа ќе ја нарушите меѓусебната доверба и следниот пат потешко ќе Ве остави да заминете. Ако му ветите дека ќе се вратите по цртаниот филм, сторете го тоа. Ако детето се плаши од темница и самотија, запалете светло пред да оди во кревет и оставете ја вратата подотворена и ветете му дека ќе го видите пред да си легнете.

Првата љубов

Низ контактите со другите луѓе, детето го утврдува својот идентитет и во првите љубовни “врски”. Иако тука важна улога игра наклонетоста, детето низ таквите врски го нагласува својот идентитет и својата улога во општеството.

Лутење

Детето сега веќе има контрола над сопствените емоции. Социјално е позрело, а поголемите вербални способности му овозможуваат подобро да се изрази. Со правилно воспитување ги намалува испадите на лутина, секако ако сме му дале до знаење дека такво однесување е недозволено.

Развој на мислење и говор

Поврзаноста меѓу мислењето и говорот се отсликува преку способноста на детето за опишување на одредена ситуација. На почетокот детето објаснува што направило, а подоцна што сега прави. Во претшколскиот период се повеќе и се почесто ги планира своите активности. Поттикнете го да објасни што ќе прави и како ќе разреши одредена ситуација. Детето знае и причински да ги објасни некои појави, па се поретко ќе слушате дека облаците на небото се движат бидејќи се живи или дека топката плива над водата бидејќи е бела.

Колку е часот?

Децата кои наскоро ќе тргнат на училиште, лесно ја запомнуваат положбата на стрелките од часовникот. Ќе Ви биде од помош часовникот кој заедно го направивте од картон, или некој стар часовник кој не го користите. Можете да го научите дека цртаниот филм почнува кога стрелките на часовникот се во одредена позиција, а тие исто така нека најавуваат кога е време за ручек, вечерно капење и спиење.

Со познавање на бројките, децата лесно го читаат времето од дигиталниот часовник. Тоа е добра вежба. И покрај тоа децата со погледот на часовникот не знаат правилно да го одредат времето, но со споредување можат да дојдат до некој временски интервал кој наближува. Не ја разбираат мерката за време 10 минути, еден час, половина час, но го разбираат времетраењето на една песничка, или на патот до градинка.

Машко и женско мочкало

Ова е период на откривање на сопственото тело. Помеѓу втората и петтата година децата ќе ги откријат разликите меѓу машкото и женското тело и пред да тргнат на училиште ќе научат уште многу за разликата меѓу половите. Кога одговарате на прашањето како бебето дошло во стомакот и слично, важно е да бидете искрени и Вашите објаснувања да се разбирливи и примерени на возраста. Порано или подоцна детето ќе открие дека сте лажеле, а тоа може да ја наруши меѓусебната доверба.

Децата не се секогаш задоволни со одговорите, но премногу детален опис може да ги збуни.

Прочитајте уште

Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?