|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Добро е да се знае

Тато каде си?
Во овој период се зголемува потребата за таткото, кај двата пола. При старост од 3-4 години кај децата почнува да се обликува јасно чувство за машкост. Тогаш односот со таткото станува многу важен, ако не и најважен. Преку идентификување со таткото детето развива и утврдува самодоверба и добро чувство за својот пол. Ако таткото го следи синот во развојот и притоа го поттикнува , детето се чувствува сакано од страна на личноста која ја имитира во се.

И девојчињата, преку односот со таткото стануваат свесни за себе и својот пол и можат да станат поприврзани со таткото. Некои девојчиња сакаат повеќе време да поминат во игра со таткото, некои во разговор, а некои дури и го одбиваат присуството на мајката.

Може да се случи таткото да не е секогаш присутен. Можеби треба да оди да оди на службен пат, или на лечење во болница. Детето нема добро да го поднесе тоа. Малите деца не разбираат дека отсуството може да биде краткотрајно и привремено. Не можат да претпостават дека таткото за брзо ќе се врати дома.

Краткото отсуство на таткото децата лесно ќе го преживеат, ако постои нешто што ќе ги потсетува на него и ќе ги теши кога таткото не е дома. Таткото пред заминување може да им сними приказна за добра ноќ, а Вие да му ја пуштате на детето кога таткото не е дома. Немојте да мислите дека на детето ќе му биде полесно ако не го спомнувате таткото во разговорите. Ќе биде подобро ако му зборувате што сега тато прави, каде е и кога ќе се врати, иако детето нема сосема да го разбере тоа.

Одвикнување од пелени

Кога е детето спремно за спиење без пелени? Немојте премногу да брзате, но кога детето е неколку месеци, преку ден, без пелени и кога пелената наутро е сува, детето најверојатно е спремно. Пред да одлучите да му ја извадите ноќната пелена, разговарајте со него.

Најдобар период за одвикнување од пелени е лето, бидејќи е потопло, децата се помалку облечени, па заради можната мокра облека нема веднаш да настинат. Кога ќе почнете со одвикнување од пелени немојте да се чудите што детето се буди ноќе. Ако се буди отприлика во исто време, причина е полната бешика која му смета во спиењето.

Одберете време за одвикнување од ноќните пелени кога во животот на детето нема стресови како што се промена на градинка, посета на заболекар, принова или смрт во семејството, затоа што одвикнувањето во такви моменти е стресно за родителите и децата и може да биде неуспешно. Заштитете го креветот со непропустлива подлога, подгответе резервна постелнина и пижамчиња за детето. Ако сакате детето во текот на ноќта да користи нокшир или wc школка, треба да оставите запалено светло за да може да ги најде. Детето нема да може да ги пронајде во темница, особено не со полна бешика.

Ако детето се измочка, немојте да се лутите. Обидете се да делувате позитивно. Секоја незгода му влијае на самодовербата заради тоа не лутете го, не се шегувајте на негова сметка и немојте да го присилувате да ја менува постелнината. Пофалете го детето секојпат кога е суво наутро. Навикнете го на ред: мокрењето нека биде последна работа пред одење во кревет и прва кога ќе се разбуди. Ако му читате приказна пред спиење, после приказната уште еднаш нека отиде во wc. Децата различно се одвикнуваат од мокрење во кревет. На некои им се потребни само неколку дена, а на некои недели или месеци. На некои мокрењето во кревет воопшто не им се случува. Кај сите резултатот е ист, дали по неколку недели, или месец: повеќе не им треба пелена ноќе. Воопштено, кај девојчињата престанува ноќното мокрење со 4 години, а кај момчињата со наполнети 5 години.

А што е со телевизијата?

Сеуште останува отворено прашањето дали и колку е гледањето телевизија дозволено и корисно. Многу родители имаат грижа на совест ако го остават пред телевизор детето додека прават вечера.

Стручњаците во своите студии потврдиле дека децата од 3. до 5. години, кои гледаат телевизија, имаат подобра краткотрајна меморија од нивните врсници, кои не гледаат телевизија. Одредена корист од телевизијата значи постои! Бидете внимателни што детето гледа на телевизија. Поттикнете го да гледа поучни емисии примерени на неговата возраст. После тоа содржините со слични информации побарајте ги и во книги. Така детето ќе научи дека може да добие информации од различни извори. Исто така треба да знаете дека телевизијата не може да го замени Вашето време со детето, туку може да биде само дополнителна активност.

Музички потенцијал

За развој на детскиот музички потенцијал многу е важен периодот пред наполнети 5 години старост. Тоа е времето кога детето ги обликува своите потреби и талентот за музика и тогаш се развива неговиот музички слух. Децата имаат вродени музички способности, но и родителите можат да потпомогнат тие способности да се развијат. Пејте му песнички, броенки и песни на кои може да си игра. Претставете му ги на детето различните врсти музика. При слушањето уживајте заедно. Можете да му купите или направите музички инструменти и да го поттикнете да свири на нив.

Помалку вешти деца

Се разбира, постојат и деца кои се помалку вешти.Некои малку доцнат во моторичкиот развој, но постојат и деца кои никогаш нема да бидат вешти, па ни како возрасни. Важна улога играат гените. Децата можат да станат помалку вешти и кога се болни, тажни, уморни или загрижени. Некои родители се толку грижливи што сакаат да направат се за детето и наместо него. Таквите деца немаат прилика да ги развијат своите способности во секојдневните активности. На детето можете да му помогнете со тоа што ќе му дозволите да го прави тоа што сака, односно тоа што може во тој период. Оставете го само да се искачува, но бидете тука ако почне да паѓа за да го фатите, само нека јаде супа, а нередот ќе го исчистите заеднички. Само нека се облече, дајте му само доволно време. Поттикнувајте го, но и внимавајте на неговата безбедност.

Детето се извинува

Важно е детето да знае да се извини, тоа искрено да го мисли и стварно да му биде жал за направената грешка. Децата со три години сеуште не се потполно способни за емпатија. Тоа не значи дека можат да прават што сакаат. Треба да знаат дека тоа што го прават може да има последици и тоа не позитивни. Можете да им помогнете да го разберат тоа.

Бидете прецизни. Ако побарате од детето да се извини, можеби нема да знае каде погрешило. Побарајте да му се извини на пријателот затоа што го удри. Така ќе разбере дека удирањето е нешто погрешно.

Наместо на детето да му приговарате за направената грешка, испитајте го. Прашајте го што мисли, како се чувствува неговиот пријател затоа што го удри. Веројатно ќе ви каже дека го боли, дека заплакал и побегнал дома. Така детето ќе сфати што предизвикало. Детето кое се извинило на примерен начин, пофалете го. Така и следниот пат ќе се извини. Тоа не значи дека ја совладало емпатијата, туку дека е на добар пат.

Прочитајте уште

Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?