masa
|
lacrymosa писменава.Леле читајќи за момент се попишманив од намерата да го напишам тоа што сакам,но сепак ќе се олеснам да не ми тежи. Јатрва ми веќе неколку пати иде кога ние сме некаде на гости.Мене ми е многу непријатно,значи јас се срамам од нејзините посети.Предпоследниот пат бевме кај пријатели на ручек и она поминувала од таму и ги слушнала маживе на тераса пушеа и ај ќе се качам да ве видам и се качи си седна на првото слободно место што го најде,и го зема местото на домаќинката всушност и бидејќи просторот толку дозволуваше после другиве се подстиснавме за да седне домаќинката на ќош.Нормално прашавме каде е синот,а она ми се јави да го викне со зборовите "да дојдеш те бараат" И дојде детето,он е поголем од другиве деца и нека здрав и жив ама е многу немирен,во другата соба беше џунгла,а она никогаш не се помрднувала околу детето.Си ручаа и ние си отидовме они останаа.После тоа се искаравме така со мм заради неа.Мајка ми ме советува да не се замарам околу неа и да не се караме заради неа,ама некогаш неможам да издржам.Ако и речам јас ќе се скараме и нема да прозбориме повеќе па заради мм молчам. Вчера исто.Имавме реприза на 1ви мај во двор кај едни пријатели со состав поразличен од оној од пред два дена и кога се собираме така кај домаќините се спрема само главното јадење и свежа салата,другите носат од дома спремни други мезиња,благо,помагаме сите во кујна,значи сме организирани да не биде товарто на еден кога се собираме кај некој без повод,па си помагаме и кога има повод и затоа се дружиме често.Еве ја она не им се седело дома,сакале кај нас да дојдат,ние не бевме дома па дојдоа.Пак исто внукот децава ги спобудале,она си седи и исто ние станавме да си одиме она остана.Кога иде ни за децата не носи ништо,ние секогаш по нешто носиме,ситници од типот овошни јогурти,гумени бонбони,чоколада,бонбони,секогаш различно.Она и кај нас кога иде не носи ништо за ќерката,а идат често особено во зима кога им е досадно дома.Ние кај нив одиме два пати годишно,за роденденот на внукот и за нејзиниот роденден и тоа годинава не чекала роденден само благо направила зошто внукот сакал,па немаше дома ни сок ни ништо,а имаше и една пријателка на гости додјена пред нас и неа со кафе,вода и парче благо ја пречека.мм сакаше да одиме иако му кажав дека рече дека немало да чека,па купивме поклон и отидовме.Значи она гледа да се спаси од "непотребните трошоци' и во зима не седи дома за да не троши струја.А не дека е до толку сиромашна,едноставно е скржава.За облека и за излегување не се гледа колку се троши,ама на се друго се штеди.Сега ми текна и дека кога се роди ќерката скоро два месеца,ако не секој ден преку еден беа кај нас да ја виделе,а сега ќе се породам доцна есен,цела зима ќе бидат кај нас [ Ова особено ми дојде да пишувам зошто утре ќе одиме кај свекрва ми на ручек,па пак ќе треба да се видиме,а јас веќе сум лута од вчера.А и кај мајка и е иста,не ности ни пармак за велигден,ни па станува да помогне околу масата,си иде како во хотел си седнува на маса,и освен за да јаде не викнува по детето.Можеби има и попроблематични од мојата,но мене и волку ми е многу. Се извинувам на долгиот пост,ама МОРАВ да се олеснам некаде!
|