Bethany
|
Јас па не мислам дека рамноправноста значи и да се ужива во се што се прави. Пффф, јас не сакам да готвам, а готвам, бидејќи некој мора да направи ручек, е сега затоа што јас не сакам би требало да го чекам мм да дојде дома и тој да прави... Рамноправноста вклучува зрело и реално гледање на работите околу нас, обврските кои се неизбежни и кои треба да се извршаат, околу дома, околу детето и сите други, рамноправноста значи да во бракот со согругот/та бидете тим, кои ќе прават работите заедно и со договор, тие работи не секогаш ќе бидат убави, ама ако се работи нешто со договор и без притисок, секако ќе донесат исполнувањето на двајца како личности... И тоа исто така не значи дека не можам да одложам нешто што би требало да правам, а не ми се прави во моментов, да рачунам дека ќе имам разбирање од друга страна да почитува моја променета одлука во моментов... Ники, те разбирам што сакаше да кажеш, ама јас не сметам дека ако маж си работи се по дома, тоа значи и рамноправноста. Моето мислење е дека е тој личност и јас исто така. Ако тој нешто не сака да прави, а мене ми е полесно тоа, зошто јас да не го правам тоа, и обратно. Некои компромиси мора да имаа во бракот... Ја ќе почитувам неговите желби, тој моите, мора да има разбирање.. Така да, ако вие функционирате добро како тим, и се стремите кон исполнувањето на вашата визија за иднина, заедно, не е битно кој што прави. Ти си правиш тоа што правиш во моментов, дома си, ќе средуваш, тој е на работа, доаѓа дома и понатаму продолжувате со обврските. По мене не се мери колку некој е рамноправен со тоа што дома ќе чистат и двајцата, ако јас имам повеќе време ќе направам тоа и не ми е тешко, се додека и двајцата работиме заедно, за нас, за нашето семејство, а не секој со своите визии.
< Поракaта ја уредил Andriance RR -- 16.3.2013 0:01:46 >
|