vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Да се поврзат децата, да се поттикнат и научат на сочувство, пријателство и добри дела и истовремено да се развеселат нивните врсници кои новогодишните празници ги поминаа во болниците, имаше за цел хуманитарната акција „Прегратка на дар“, што ја организира македонскиот семеен интернет портал Рингераја.
На денешната завршна манифестација на која присуствуваше и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, организаторите посочија дека целта е исполнета затоа што децата од повеќе градинки и училишта рачно изработиле подароци за болните дечиња на кои им донеле радост во најтажните мигови. На таков начин, сметаат организаторите, децата се учат на сочувство и на хуманост потребна во секое општество.
Министерот Ристовски смета дека вакви акции се неопходни за да се развива свеста кај децата за потребата од хуманост, која, како што рече, треба да се случува секој ден. Токму затоа, посочи, како Министерство дадовме целосна поддршка за овој проект кој придонесува за правилниот развој на децата.
- Правилниот развој, зависи од сите нас. Затоа ние заедно со вас над 10.000 дечиња низ цела Македонија преку хуманитарната акција „Прегратка на дар - Грам љубов за тон здравје“ ги учевме децата на хуманост, една од основните особини која се стекнува при градењето на карактерот на човекот, односно кога сме деца, рече министерот Ристовски.
Тој додаде дека во насока на правилниот развој и градењето свест кај децата, како и за подобрување на нивната заштита како Влада се трудат да ги унапредуваат политиките и да го подобруваат квалитетот на детската заштита.
Во 54 градинки во 43 општини, рече, се згрижуваат 26.000 деца, кои покрај игра, забава и дружење, се учат на основните вредности. За таа цел, додаде, се спроведуваат повеќе проекти како „Еко градинка“, „Инклузија на децата Роми“, како и повеќе активности во текот на Детската недела.
Од семејниот интернет портал Рингераја, кој денеска одбележа три години постоење, на министерот Ристовски му доделија благодарница за поддршката во спроведување на проектот „Прегратка на дар“.
Извор: Press24
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Зголемена жед во бременост. Што може да значи?
Потребата да пиете повеќе вода може да биде сосема нормална во бремено...
Колку често треба да правите пилинг?
Пилингот може да помогне кожата да изгледа помазно и посвежо, но премн...
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...