Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Бебето Муханад се роди со помош на царски рез во болницата во Наблус. Мајката била оплодена ин витро со семенскиот материјал на таткото. Во строга тајност се држи како била пренесена спермата од затворот.
Таткото е политички затвореник во Израел и нема надеж дека за скоро ќе биде ослободен, бидејќи има пресуда за 32 години затвор. Во израелските затвори палестинците немаат право да бидат насамо со своите сопруги. Освен тоа Далил не го видела својот сопруг цели 15 години.
И покрај тоа таа успеа да зачне со неговата сперма. Семејството ја чува во најстрога тајност информацијата како стигнала семената течност до жената и како успеале да ја сочуваат во непроменета форма за време на патувањето. Далил и сопругот имаат две возрасни ќерки, но мечтаеле за машки наследник.
"Идејата беше на сопругот, открива среќната мајка. Сакавме бебе и тој најде начин како да го оствари тоа. Откако брат му, татко му и мајка му беа убени, куќата остана празна."
Нејзината ќерка додава: "Кога разбрав дека ќе имам брат на почетокот се изненадив. Среќна сум што ќе имам брат, благодарение на Алах."
Директорот на Клиниката во Наблус изјавува дека бебето Муханад е прв случај од ваков вид е затоа е толку скапоцен за сите.
11
5
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...