|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Во исчекување на една мала душа

Kolachence, 14.12.2012
Вистински приказни од забременување - Kolachence

image
/11


 

 

 

Подготвена сум да имам дете, да донесам на свет една нова душа, да го опсипам со љубов тоа мало суштество родено од љубов. 
Во брак сме речиси три години. Брак исполнет со љубов и разбирање кои помагаат сите замрежувања на нашата среќа да се надминат брзо и лесно. Веќе година дена замислуваме какво би било чувството да видиме позитивен резултат на тестот за бременост, да го гледаме моето стомаче како расте, да се роди едно мало бебенце и да го огрее нашиот дом...
Ден по ден сè повеќе се зголемува нашата желба да го имаме во прегратка нашето бебе, да нè допира со неговите слатки мали рачиња, да ја нурнува главата на нашите гради. Речиси секоја ноќ го сонувам тој момент на неизмерна среќа и се будам со помисла дека животот е многу дарежлив кон оние на кои им подарил дете, им подарил љубов, им подарил најголема радост. Страдам, страдам неизмерно, измачена од љубов спрема некој што сè уште не го познавам.

Посакувам да се будам со мачнини наутро, посакувам да уживам во моментите кога мојот сопруг ќе му зборува на моето стомаче, посакувам да ги израдувам моите родители со внуче, посакувам да им соопштам среќна вест на моите пријатели дека ќе имаме бебе, посакувам и да можам мирно и без солзи да ја прочитам „Што да очекувате кога очекувате“ и да го изгледам смирено истоимениот филм. Но сега за сега сè уште не можам. Наместо сето тоа се подготвувам одново да примам многу инјекции, да направам безброј проверки на крв, контроли на растот на фоликулите, додека мојот сопруг ќе го набљудува зачнувањето на нашето дете со замислен поглед.

Би сакала да ја уредам собата за нашето бебе, да изнакупувам малечки алиштенца, да спремам креветче за бебето, да почнам да штедам за иднината на моето дете, но наместо тоа ја гледам празната соба која одамна е наменета за нашето дете, наместо тоа ги трошиме нашите пари на анализи, испитувања и нова технологија, верувајќи во еден прекрасен сон кој што можеби ќе се оствари.

Би сакала да ги споделам моите искуства со моите бремени другарки. Би сакала целосно да ми се промени животот, би сакала да постојам само за моето бебе. Наместо тоа, ги гледам другарките како лесно остануваат бремени, ги гледам нивните стомачиња како растат, ги гледам нивните ехо снимки, и се обидувам да останам добра и искрена другарка. Гледам како се менуваат нивните животи и како се менува нашето пријателство пред моите очи.

Денес, посилно од секогаш, го чувствувам отсуството на она што сè уште не ни било дел од мене. Се обидувам да останам силна, се преправам дека не чувствувам болка, ниту тага, но полека,полека пропаѓам во една празнина каде што се чувствува само осаменост и отуѓеност. Во таа празнина завршуваат сите мои илузии. Таму ги премолчувам сите крикови на тагата, ги пружам рацете да лебдат во замислена прегратка која останува празна, го задржувам погледот во огромната празнина на моето постоење и посакувам одново силно силно да се појави мојата љубов, моето бебе, моето дете. Ме боли неговото отсуство, ме гори празнината.

Денес сум уморна од чекање, денес ми недостигаш повеќе од секогаш, денес сум уморна од борбата за да те сретнам конечно...

Но само денес, од утре повторно сум спремна на оваа тажна приказна да и дадам среќен крај. Верувам во тоа. Од утре повторно храбро ќе зачекорам по тој тежок пат, кој на моменти до толку ме заплашува што ме тера да паднам, но јас сум упорна и можам повторно да станам. Јас сум силна жена и секој пат, секој месец, се чини дека одново се раѓам.

 

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Сперматозоиди во воена готовност!
Убава музика, секси долна облека, афродизијак во ладилникот, се е подготвено за зачнување на идниот наследник. Кога жени...
3
Платив 720 фунти за своето бебе...
Иако го носела своето бебе девет месеци, како и сите трудници, нема генетска поврзаност со ќерка и. Нејзината ќерка е ро...
3
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Што значи крварење во средина на циклусот?
Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?